Украсување со отстранување

18.12.2017 14:38
Украсување со отстранување

Секоја година од хангарот на македонската глупост се вади оваа чудовиште што некои го викаат елка. Веќе си е облечена во зелената пластика од пазарот во Драчево, полна со пиеми и други болести, смрдежи и валканици што од скопскиот смог ги има собрано откако е залепена за желзната конструкција од пред дваесет и кусур години.
Мислам дека веќе вечерва ќе и ги обесат старите светлечки мрсули и ќе и ја бапнат белата ѕвезда петокрака на врвот.

Централниот новогодишен украс на градот е во фантастична хармонија со калта врз оштетените плочки од бел мермер, со пултот за мали крофни што смрди на прегорен канцероген зејтин дури таму до Камениот, со тезгите за џиџи-миџи, со редиците од картински кутии на кои луѓето изложуваат се и сешто, од балони и честитки, до куртони, бижутерии и, нормално, рејбан очила за сонце, со скарите за костени и печена пченка итн.

Неверојатна концентрација на валканици, невкус, одвратен хаос, кал, срања, тешка срамота за секој, малку од малку, нормален човек.

Да имам технички познавања и ресурси, би се обидел од оваа срамотно градско парче земја да направам голема црна дупка со пречник од два-три километра. Рупетина во која би обезбедил да пропаднат сите содржини, од вампирот Ченто, до Гоце и Тереза, од Аце со коњот и лавовите, до накривените канделабри,се!

Плоштадот во Скопје не може да се украсува со инсталирање на нови елементи, туку со отстранување на тие што веќе се таму!

Крај!

 

Слични содржини

Став
Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото