Првиот соларен воз започна да пренесува патници во Австралија

20.12.2017 09:06
Првиот соларен воз започна да пренесува патници во Австралија

Првиот воз во светот кој како погон користи сончева енергија започна да транзитира во Бајрон беј, Австралија. Компанијата обнови трикилометарски воз, опремувајќи го со флексибилни соларни панели.

Деновиве започна да вози, но со ограничен пристап, а од јануари ќе биде пуштен во целосна употреба.

Железничката компанија во Бајрон беј реставрира патеки и мостови со цел да обезбеди соодветен јавен превоз за локалното население и посетителите. Засега, сто патници со седиште и уште неколку кои би стоеле, можат да се возат со соларниот воз, а има простор и за багаж, велосипед и даски за сурфање.

Цената за во еден правец е 3 долари за возрасни, 2 за возраст од шест до 13 години, и бесплатно за деца до пет години.

Флексибилните „СанМен“ соларни панели поставени на покривот од возот произведуваат енергија, каде се складира батериски систем од 77 киловати на час, кој исто така може да се полни меѓу патувања во некоја од главните станици.

Регенеративниот систем за сопирање „обновува околу 25 проценти од потрошената енергија секогаш кога се применуваат сопирачките“, според веб-страницата на железницата. Осветлувањето на возот, моќта на влечење, контролните кола и воздушните компресори се напојуваат со батерија.

Компанијата соопшти дека првично имала намера да понуди услуга за возење со дизел, пред да се префрли на соларна енергија, но „забрзаниот развој на технологијата во оваа област” направи технички да биде изводливо создавањето на соларен воз. Еден од двата оригинални дизел мотори сѐ уште е дел од возот како резервна опција и за тежина и рамнотежа.

Извор: Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото