Дедо Мразовци протестираат зашто Златната рипка веќе ги исполнила сите желби

20.12.2017 09:25
Дедо Мразовци протестираат зашто Златната рипка веќе ги исполнила сите желби

Скопје, 20 декември 2017

Независниот синдикат на Дедо Мразовците денес протестираше ширум Македонија зашто на нивните членови Златната рипка им ја зема работата, исполнувајќи им ги желбите на луѓето пред Нова година.

Како што соопштија Дедо Мразовците на главниот протест во Скопје, Златната рипка претставува нелојална конкуренција затоа што по поповолни услови го работи она што досега го работеа Дедо Мразовците.

„Не само што Златната рипка им ги исполнува желбите на сите без оглед на тоа дали биле добри или не, туку тоа го прави и сега пред Нова година, кога тоа е наша работа, додека Дедо Мразовците вредно ги спремаат подароците. Исто така, таа не мора ни на држи диета за да може да се спушти низ секој оџак за да ги остави подароците“, соопштија Дедо Мразовците и ја повикаа државата да интервенира.

Дедо Мразовците објавија податок дека бројот на желби кои оваа година ќе може да ги исполнат опаднал дури за 90 отсто и дека ќе им ги исполнуваат само на оние кои сакаат и нивни подароци, покрај оние кои ги добиле од Златната рипка.

„Бидејќи не знаеме што ќе правиме со вишокот подароци, најверојатно на новогодишната ноќ ќе ги истуриме на плоштадот во Скопје“, изјавија Дедо Мразовците.

Златна рипка не беше во можност да ни ги каже своите ставови за ситуацијата, но вети дека наскоро ќе ни ја исполни и таа желба, ако официјално ја посакаме. Од друга страна, Дедо Мразовците најавуваат радикализација на протестот така што со своите ирваси и запрега ќе ги блокираат главните сообраќајници доколку нивните барања не бидат исполнети.

Извор: Njuz