Action Figures

13.08.2010 15:43
Action Figures

Асемичното пишување претставува беззборовен отворен облик на пишување. Поимот асемичен значи „да се нема специфична семантичка содржина“. Поради неодреденоста на асемичното пишување се добива вакуум во значењата, со што се остава отворен простор за слободно толкување од страна на читателот.

Честопати овој начин на пишување наликува на една друга област од уметноста, а тоа е апстракцијата, или во случајов, апстрактниот стрип. Добрата страна на асемичното пишување, па и апстрактниот стрип, е тоа што без оглед на културната позадина од која доаѓа авторот, уметничкото дело е универзално, односно, секој може да го „прочита“ и разбере.

Мајкл Џејкобсон е американски уметник. Негови дела, како и дела од други автори, можете да погледнете на thenewpostliterate.blogspot.com.

Слични содржини

Стрип
Книжевност / Стрип / Култура
Книжевност / Стрип / Теорија
Стрип / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото