Сини пилули

22.12.2017 18:23
Сини пилули

Во едицијата за стрип ЛИФТ излезе нов наслов: СИНИ ПИЛУЛИ од Фредерик Петерс. 

Во продолжение ви ги пренесуваме основните информации за делото, но и посебен подарок: БЕСПЛАТНО можете да ги прочитате, почитувани читатели на Окно, првите 35 страници од стрипот!

***

Делото на еден од најценетите млади европски уметници на стрипот е длабоко емотивна приказна наменета за сите нас коишто избравме да сакаме наспроти најтешките предизвици. Како најдобрите графички мемоари, Сините пилули застрашувачката тема ја обработуваат низ уметнички и хуманистички пристап, на свеж, искрен и суштински разбирлив начин. Оваа храбра љубовна приказна лишена од сентименталност е блиска до секој човек чијашто љубов се сретнала со големи искушенија - и победила.

***

Страсно и триумфално. Дело кое поставува длабоки прашања и ги разрешува со деликатни детали и низ тивки моменти на задоволство.

Крејг Томпсон

Петерсовиот елептичен, атмосферичен наративен стил придвижува бранови на изненадувачки емоции.

Алисон Бехдел

***

Снагата и привлечноста на книгава лежат во најчистата хуманост на приказната. Врвно.

Booklist



Сините пилули досега се продадени во над 50.000 примероци и преведени се на петнаесетина јазици. Но, поважно од тоа е што делото на Фредерик Петерс ја освои и онаа публика која не го следи стрипот; затоа Сините пилули, петнаесет години по првото појавување, се сметаат за незаобиколно уметничко дело.

ПрилогГолемина
Преземи1.87 MB

Слични содржини

Книжевност / Стрип
Книжевност / Стрип / Култура
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Фотографија / Книжевност / Стрип / Настан
Книжевност / Стрип / Култура
Квир / Книжевност / Стрип

ОкоБоли главаВицФото