Божиќ во Јемен

27.12.17 03:42

Во проектот „Божиќ во Јемен“, полскиот уметник Игор Доброволски ги комбинира божиќните фотографии со сцени од хуманитарната катастрофа во Јемен, за да нѐ потсети на децата и луѓето кои во моментов живеат во пекол. Во просек, во Јемен едно дете умира на секои десет минути, а за време на конфликтот убиени се најмалку 4.600 цивили, повеќе од 8.000 се повредени, а загинати се околу 1.200 деца.

Впечатливите колажи се протест на Доброволски против генералната рамнодушност кон хуманитарната криза во Јемен, проследена со прекршување на меѓународното право, недостиг од лекови, храна и основни намирници за живот.

Извор: https://www.facebook.com/igor.dobrowolski.5

Слични содржини

Активизам / Мода / Уметност
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото