За опозицијата

28.12.2017 12:07
За опозицијата

Добро, се согласувам: убаво би било да имаме јака опозиција.

Како што е добро да имаме и јака фудбалска или хокеарска репрезентација.

Или, конечно, власт.

Која ќе знае како да го подобри животот на луѓето.

Но, од таа баналност на демократскиот модел да се извлекуваат пораки, поздрави и желби за спас и зајакнување на Злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ, е малку ту мач.

Таа инсталација најпозитивно ќе се одрази врз демократските процеси ако исчезне, ако ѝ се помогне да исчезне, тоа е толку елементарно, а прашањето на опозицијата, јака, средна или слаба, да се роди не во заборавот и во коруптивниот шупак, туку во пристојноста и нормалноста на општеството.

Ако таму не се роди, во злото може да се роди само како ново зло.

Ослободувањето од ВМРО е клучен услов за ослободување на Македонецот од себе, од отровните вишоци во себе, од намазот од говна со кој оди наоколу и смрди.

Тоа е!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар
 Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото