Куси скици за волците

28.12.2017 14:14

I

Волк во болка
не признава ништо.
Го гризнала вечерата.
Лоша проценка
што сега се претвора во погибел.

Не можеш далеку со раскината шепа:
меѓу волците, нема лекари.

II

Волкот се додворува до извесен степен.
Треба да се внимава на неговите уши.
Нанапред, има желба да слуша.
Наназад, веќе си му досаден.

III

Седи во мракот. Притаи се.
Не пали цигара,
не ја смачкувај врз себе црната мува.

Местово не е за брзи љубовни средби.
Не е зоолошка.
Сакаш да го видиш волкот,
ако не, парите назад,
но волкот не сака да те види тебе.

IV

Во кошмарите не волкот има автомобили,
долги игли, железни штитници за муцка,
претрупани кафези со цврсти шипки,
суштества што мирисаат како тебе.

Среќните соништа на волкот, пак,
се за непрегледна тајга,
за дувла ископани под карпа,
за куц и глупав карибу елен,
за неговите кревки коски.

Превод: Зоран Анчевски

 

ОкоБоли главаВицФото