Глобален барометар: Македонците со оптимизам гледаат на 2018

31.12.2017 13:35
Глобален барометар: Македонците со оптимизам гледаат на 2018

Резултатите од Глобален барометар за просперитет, надеж и среќа што го спроведува Брима Галуп покажуваат дека граѓаните во светот мислат дека доаѓа економски потешка година, а граѓаните во Македонија очекуваат економски просперитет.

На прашањето „Споредено со оваа година, според Вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економска потешкотија или следната година ќе биде иста како и оваа“, 36% од македонските граѓани очекуваат следната 2018 да биде со економски просперитет. 24% се со став дека следната година ќе биде со економски потешка, а 34% веруваат дека нема да има промени во новата година што доаѓа.

Во соседството, најголем оптимизам има кај албанските испитаници (31%), веднаш по нив се испитаниците на Косово (25%). Од негативната страна на оската со благо песимистички резултат се испитаниците на Бугарија (-8%), малку попесимистични од нив се испитаниците на Србија (-15%) и повторно како најпесимистички се испитаниците на Грција или -43%. Во индексот на надеж, од 55-те држави каде беше спроведено истражувањето овој резултат во Грција е втор најпесимистичен резултат веднаш по Италија.

Во споредба со светскиот индекс, 28% од испитаниците во светот се оптимисти, 30% се песимисти и неутрални се 36%.

Извор: Фактор