Touchscreen реалност

03.01.2018 21:05

Викавме се тркалавме на земја и пцуевме.
Помеѓу нашите висококатници на периферијата
се креваа полека клиповите на ноќта.
А ние се качивме во камионите и пиевме.
Небаре знамиња се одвејуваа девојките низ улиците.
Танцувавме и плукавме и пиевме
сè до изутрина, сè до нулта километарот.

Тогаш дојдоа ловците и тропнаа на нашата врата;
се налутија што не се будиме.
Си го изострија клунот од ѕидовите, плачејќи
низ темните ходници; си го наполнија оружјето,
мастурбираа.

Изгледа некои црни палки од каучук
ни ги осветлија одблиску набиениците,
ни ги одвоија јаболчниците,
дури танцувавме како дивјаци.
Реалноста ни дојде до гуша.

И дојдоа оние што беа извадени од Интензивна нега. Но не нè препознаа повеќе.
Не испружија рака, не ни побараа светлина
во излозите touchscreen

Можеби елитните стрелци што гниеја врз покривите.
Си го изострија клунот од нашите стаклени коски,
дуваа во нашите туберкулозни одводни канали
и притискаа полека врз клиповите на ноќта.

А ние, завиткани во знамиња, не ги препознавме повеќе.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото