Главолом шампионите за 2017! (2)

04.01.2018 12:45
Главолом шампионите за 2017! (2)

Девојко, дали си Нова Година, пошто само сакам да те поминам во постела?

Брадестиот Џо, Фејсбук, 28.12.17.

 

Фикусот беше најголем генератор на политичка криза лани (со аболицијата на криминалци која предизвика Шарена револуција) и годинава (со тоа што не го даваше мандатот на новото парламентарно мнозинство, а ги поддржуваше контрашите кои насилно упаднаа во собранието со намера да ликвидираат пратеници).
Затоа фикусот не треба да говори, туку да одговара за флагрантно кршење на уставот и за помагање на злосторничко здружение за изборен и противдржавен криминал.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 26.12.17.

 

„Нека разберат
клетите кучиња
македонско име
нема да загине.“

Александар Ковачевски, Фејсбук, 11.12.17.

 

Јас би собрал сто илјади вмрони и би ги ставил како вреќи песок на кејот на Вардар. За одбрана од поплави. Скотови скотски!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 01.12.17.

 

Секој месец државата доделува некоја награда. И секогаш непогрешливо бира поединци преку кои ќе го потврди степенот на својата морална и творечка пропаднатост!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 22.11.17.

 

Кога го купувам лекот од ЕУ тој трае и е ефикасен. Кога го купував овде се “распаѓаше” после неколку употреби. Не обрнав внимание, зашто не е загрозувачки по живот.
Го повлекле, ми објаснија, не бил ок.
Јас вмро-дпмне би ги нарекла терористи. Да увезуваш “фалц” лекови со сомнително потекло и да ги наплаќаш исто како и оригиналните - што е ова ако не тероризам врз невини и БОЛНИ луѓе?!
Очигледно во ЕУ има контрола врз лековите но и врз многу други продукти. Ама ние не сме зрели за ЕУ, зашто однатре сме скапани.

Синоличка Трпкова, Фејсбук, 30.11.17.

 

Зошто секогаш на парчиња мебел се даваат женски имиња?

Марина Мици Трајкова, 28.10.17.

Сексуално злоставување, вклучително во професионален свет, не е ич кул. Ич не е кул ни кога се обидувате да играте објективни на сметка на жртвата, претставувајќи ја како слаба или неетична затоа што не пријавила на време. Секој што ќе се охрабри да пријави злоставување во кое било време е за поздрав. Не е ни кул кога се поставувате над сето тоа, инсинуирајќи дека вие сте бољи и тоа вам никогаш не би ви се случило. На крај, излитено е и провидно кога ќе се обидете некого да дискредитирате со „агресивен феминизам“. Eat my shorts.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 11.11.17.

 

Откако се приватизира Топлификација, граѓаните масовно се откачија од мрежата оти е неподносливо скапа. Особено жителите на куќи. Струјата е уште поскапа, па затоа мнозинството се свртеа кон ќумбиња. Чаре?! - РЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА на БЕГ?! Креирање јавна непрофитна Топлификација со примарна цел - придонес кон намалување на загадувањето и остварување на фундаменталното човеково право гарантирано со Уставот - правото на живот!
- „Член 10: Животот на човекот е неприкосновен. Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.“ - особено не по основ на профит на малкумина?!

Јордан Шишовски, Фејсбук, 09.11.17.

 

Твоето презиме е Грујовски, а името на твојот криминален пајташ Никола. Прислушкувате незаконски сè живо и диво. Откако ве откриваат, ја правиш сол опремата за прислушкување што си ја купувал заедно со „началникот“ во Израел. Пред да те пикнат во притвор, бегаш со помош на судиите што ги бирале „Началникот“ и Горде, која им ставала плусови во тефтерчето. Со години водиш психолошка војна против „домашните предавници“ како „грчки платеници“, а бегаш во Грција со лажен бугарски пасош. Цела деценија водиш измислена војна против „предавниците на идентитетот“, а другарчето во криминал го прекрстуваш од Никола во Неџби. Бараш да не те екстрадираат во Македонија, од страв да не извршиш „самоубиство“ како Коста Крпач.
Знаеш сè за „фамилијата“ и нивните матни бизниси и знаеш што те чека. Каменот од блиску доаѓа.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 20.10.17.

 

Македонскиот Народен Театар беше на урбана локација, влезот беше од мал плоштад, околу убави градски згради на Еврејско маало, кон црквата Св. Димитрија имаше дуќани со дух и градски мирис, преку Вардар по Дрвеното мовче се движеа многу луѓе.
Видете го денешниот Македонски народен театар: од една страна мостот Гоце Делчев му е до вториот кат на театарот, од друга страна надвозникот кој доаѓа од кај Калето му „влегува“ во џигерите на театарот, од третата страна грб му завртел еден контроверзен музеј. Па уште на некого му текнало од четвртата страна да му постави панорамско тркало! Ужас, театар во барок а до него елемент од Забавен парк, каде обично се продаваат лижавчиња, шеќерна волна, балони и разни џиџи-миџи.
Скопје, граду мој, можеш ли да им простиш на тие што те нагрдија?

Петруш Стефанов, Фејсбук, 13.10.17.

 

ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР - Лажно звање, квази-професија наменета за пополнување медиумски простор и за привлекување внимание на публиката. Тоа е хибрид меѓу политиколог и новинар. Зборлест е и не го тупи академски како политиколог, а глуми дека има некакво стручно знаење и искуство повеќе од новинар. Врти субјективни муабети, брани тесни интереси и форсира лични тези кои завиткани во некои термини и фрази треба да симулираат стручност. Во Македонија има два вида политички аналитичари: (1) оние кои се појавуваат по медиуми, даваат изјави и се вртат по ТВ дебати, на број се десеттина; (2) политички аналитичари кои пишуваат по социјални мрежи и ги има нешто повеќе од милион.

Сеад Џигал, 11.10.17.

 

Десет години секој ден браневме нешто. Гевгелија мора да добие здрава вода за пиење без арсен, на југот не смеат да стравуваат дали ќе им протече цијанид низ чешмите...
Јас ќе ве следам цело време по вашиот пат. И, ако го утнете патот, ќе го јадете стапот.

Никола Писарев, активист, на митингот на СДСМ во Скопје, 08.10.17.

 

Во автобусите на ЈСП се поставуваат монитори. И, како што погодувате, идејата е преку нив да им се пуштаат реклами на патниците. Таа приказна веќе ја гледаме на автобуските постојки во центарот на Скопје. И што проблемот? Репетитивноста на пораките. Ако се возите во автобус или чекате на автобуска постојка 15-20 минути може да ви се случи една или две-три исти реклами да треба да ги слушате по 20-40 пати. Луѓе што чекаат автобус на таква постојка после 2-3 минути редовно се оддалечуваат зашто не можат да издржат безброј пати да слушаат колку пакетите на ONEVip биле евтини и поволни, на пример. Ама, во автобус нема каде да се бега. Тоа се вика сензорна тортура. Неподносливо е. Осомничените за тероризам минатата деценија од страна на ЦИА така беа измачувани. Им беше пуштана една иста аудио содржина со саати. На крај таквата пракса Конгресот ја забрани зашто беше сфатено дека тоа е мачење и дека така се кршат човековите права на осомничените. Ама, со оглед на тоа што за човекови права овде има куп луѓе што уште не слушнале, најдобро ќе биде наскоро без скапи noise-cancelling слушалки во градски автобус ич да не влегувате.

Владимир Петрески, Фејсбук, 27.09.17.

 

Интересен ли е овој вукојебљив живот семакедонски. Синоќа, од сериозен човек дознав дека мода било по свадбиве, славениците во поканите да истакнуваат дека покрај тоа што сакале поклони во плик, наместо цвеќе да им се купеле грепки од лотарија. Не знам што да кажам. Можда следното пожелание би било по еден канистер бензин или нафта да побараат.

Сашо Христовски, Фејсбук, 13.09.17.

 

Брзај, брзај прваче
Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чекат 150 евра плата
и трета смена у Амфенол.

Кирил Стоименов, Фејсбук, 31.08.17.

 

Чарлс Симиќ држи слово. Во обесчестената Света Софија. Шелева, Ѓузел, ако добро забележав, Смилевски и Силјан во првиот ред. Неуништливи парадери со добар избор на една од смртно сериозните маски на лицето, видов и во другите редови. Тоа е, си реков, како Рембо да станал да му пее на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Драслајца. Тешка гротеска. А фино му бев предложил на Чарлс да се заблагодари на честа и наместо во Струга, да појде на прошетка низ засушените прерии на Њу Хемпшир! Да не ја оплодува со својата велелепна поетска и интелектуална семка македонската усмрденост!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 27.08.17.

 

Куче од Алепо да врзеш во Инџиково ќе изврши автотомија на врзаната нога и ќе избега за Германија! А тие собираат потписи против бегалците од Сирија...
Голф игралишта и апартмани со базени и кино сали треба да изгради Македонија за да намоли сто Сиријци да останат во оваа вукојебина темелно опустошена од вмро-дпмне како Сирија од ИСИС и Асад.

Бранко Тричковски, Фејсбук, 23.08.17.

 

Ќерка ми ја силуваше сириски мигрант од зградата во Аеродром. Доби сида. Пробавме да ја лечиме, но не ни даваат плави картони затоа што не знаеме албански. Не знаеме што да правиме. Единствено дете ни е, откако другото ни го изеде Зоран Заев на една заедничка прослава со бугарскиот премиер.

Слободан Јаќоски, Фејсбук, 17.08.17.

 

За 55 години Струшки вечери на поезијата - три добитнички на Златниот венец на поезијата. Тој факт ни Дарко Лешоски ни кој било друг нема да може да го промени.

Лидија Димковска, Фејсбук, 15.08.17.

 

Ќе му објасни некој на Оливер Спасовски дека социјалдемократите не се христијански демократи и дека бацување рака на поглавар на една верска заедница во државата во која е министер за внатрешни работи е тежок преседан? Во Мк има повеќе конфесии. Ќе им баци рака на сите поглавари? На страна личните недостатоци на поглаварот кој до вчера му служеше на Грујо, но министрите не смеат да забораваат дека се министри во секуларна држава!

Владимир Милчин, Фејсбук, 28.07.17.

 

Само во Македонија може поранешен државен јавен обвинител да биде бранител на осомничен за дела сторени во период додека извршувал функција обвинител!

Фросина Ременски, Фејсбук, 02.07.17.

 

Заев бил моментален премиер. Па што? Груевски беше ментален...

Петре Шилегов, Слободен печат, 24.06.16.

 

ФАКТ НА ДЕНОТ: Само 437 луѓе ја посетиле триумфална порта цела 2016-та година. Или по 1.2 човек дневно и просечен дневен промет од 36 денари!

Никола Наумоски, Фејсбук, 14.06.17.

 

Како нема пари? Па нека платат скулпторите. Нели од парите од хонорарите за нивните споменици донираа други нивни споменици. Штом донирале за поставување, можат да донираат и за преместување. Како се фалеа и градежните компании дека донираат? Како што донираа за разни кранови, градежни машини, автобуси, камиони, авиони за носење гласачи на избори, сега нека донираат и за дислокација на спомениците. Можеби не можеле да му кажат „Не“ на Груевски, ама еве им шанса сега да покажат со нова донација дека можат да го ослободат Скопје од „Скопје 2014“. Оти, нели тогаш морале. Еве, сега нека сакаат.

Горан Михајловски, сдк.мк, 09.06.17.

 

Баш сега научив дека стрелба во движење со две раце а-ла Лара Крофт, во Русија се нарекува стрельба по-македонски. Терминот стрелба на македонски начин се појавува во рускиот печат после вмровскиот (михаиловистички) атентат врз српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и министерот за надворешни работи на Франција во Марсеј во 1934. Черноземски демек употребил ефективно техника на стрелба со два пиштоли истовремено. Таа техника оттогаш ја учеле како во FBI и Скотланд јард, така и во НКВД.
Ете, Македонија по што е позната во светот. На Запад по македонска салата, на Исток по македонска стрелба.

Борис Камчев, Фејсбук, 27.09.16.

 

На свадба му пеат СРЕЌАТА СО ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА, а невестата за 500 EВРА донесена од Албанија!

Сејдула Лимановски, Фејсбук, 12.04.17.

 

Предлог-казна за Латас: во вестите на Сител (додека ја чека затворската казна) да ги чита бомбите, одново и одново, облечен само во гаќичките на Ивона.

Владимир Лукаш, Фејсбук, 18.05.17.

 

Цената на секое од 1.355-те седишта во малата и големата сала од новата зграда на Македонската филхармонија изнесува по 29.520 евра.
За да се вратат овие пари, при билет со просечна цена од 40 евра и постојано распродадени сали, потребни се 738 концерти на филхармонискиот оркестар во големата и уште толку во малата сала.
Инаку, цената на едно седиште во новата зграда на Македонската филхармонија од речиси 30.000 евра е истоветна/приближна на цена на гарсоњера и тоа во Скопје. Што значи дека наместо новата зграда на Филхармонијата можеа да се изградат 1.355 гарсоњери или 45 шесткатници со 36 гарсоњери (по 6 на спрат).

Владимир Петрески, Фејсбук, 24.05.17.

 

Во саботата, влегуваат татко и син во книжарница кај мене. Таткото зема една книга, му ја подава на детето и му вели: „Оди, седни на оној стол и преправај се дека читаш“. Детето седнува и се преправа дека чита, а таткото го вади скапиот мобилен телефон и го слика како се преправа дека чита. Потоа ја враќа книгата назад и си заминуваат. Не му купи книга.

Трајан Трајановски, Фејсбук, 15.05.17.

 

Од гробарот неправедно сите имаат шубе и тој со лопатата обично дискретно си стои настрана. Но, џелатот го има најомразениот занает и од него главно сите зазираат. А Канческа-Милевска и другите перјаници на умот и на духот на ДПМНЕ се гушкаат со џелати скриени зад качулки и фантомки.

Огнен Чемерски, Фејсбук, 30.04.17.

 

Слушате ли што ви вика вампирот кој единаесет години е апсолутна власт во Македонија: подгответе се за долготраен отпор. Tоа на македонски значи: купете некоја вреќа брашно, сол, шеќер и зејтин, a не е лошо да ставите во шумската скривница некое килце ориз и компир, сушена сланина, конзерви сардини и месен нарезок, да, и вода, колку можете повеќе вода, зашто неговата битка за спас на усраниот газ ќе потрае, слушате ли, бе, лудаци, да ви се посерам во тракторите и комбајните!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 08.04.17.

 

Македонија е единствена држава во распаѓање во која по улиците демонстрираат само оние што го поддржуваат распаѓањето!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 03.04.17.

 

„Тапанот е срцето македонско, а зурлите вековниот плач и лелек.“
Неспорно!
Туку, да се вратиме на темата!
ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИТЕ, СТОКО!!! И У ЗАТВОР ДА ЗГНИЕТЕ!!!

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 29.03.17.

 

Не се буни што дише отров. Ама набавува отров и го фрла низ маало.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 27.03.17.

 

Тоа беше нивен предлог, со кој се согласивме и ние, полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик. Тоа е нивен предлог, полициските униформи на Албанците да бидат двојазични на македонски и на албански јазик.

Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ; Плусинфо, 24.03.17.

 

Џабе сум преведувал на тој македонски јазик што демек го бранат. Јазикот сега го плеткаат и го втрнуваат буновни типови што во делириум тременс се опиваат со жолч која капе од усните на кукавичави војножелни разбојници.

Огнен Чемерски, Фејсбук, 14.03.17.

 

Тие посегнаа по лириката на Конески! Но не и по лириката на некогашниот поет Антонио Милошоски. Тој Тонио, во својот прв лирски бес, го нарече Конески „џуџето од Небрегово“ за што, своевремено, во „Старт“ му вадеше душа низ нос никој друг туку Мирка Велиновска која го прекрсти во „Шчо“. Тие не посегнаа ни по лириката на Раде Силјан и Веле Смилевски. Двајца видни, солидно покорни, двајца кротки, ѕевгар-пензионери на груевизмот. Просто да не верува човек: тој груевизам посега по громогласна лирика на - „џуџиња!“ Бега, како ѓавол од крст, од глувонема лирика на ѕевгарот Силјан-Смилевски! Која, згора на тоа, со години дебело ја плаќа од чекмеџето на Бети Канчевска, широкораката.

Атанас Вангелов, Фејсбук, 10.03.17.

 

1) Му даде на ВМРО-ДПМНЕ мандат иако немаше обезбедено мнозинство од пратениците во Собранието
2) Му постави нови услови на СДСМ, покрај условот од 61 пратеник кој не му беше поставен на ВМРО-ДПМНЕ
3) Не му даде мандат на СДСМ иако поднесе 67 потписи.
За овие три нови прекршувања на Уставот, како и за кризата што ја предизвика во 2016 со противуставната аболиција на криминалци, Иванов треба да биде осуден на доживотен затвор!

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 03.03.17.

 

Едно време сакав да им се придружам на вмроните, мислев дека заедно ќе можеме побргу да ја уништиме оваа мачилница, но многу бргу ми стана јасно дека пред муфљузите без моќ и стил, Македонија е, всушност, неуништлива! Па, како и сите опортунисти, отидов на страната на Македонија, во надеж дека со заеднички сили ќе ги уништиме злотворите од вмрото! Мислам дека добро ни оди!

Бранко Тричковски, Фејсбук, 19.02.17.

 

Сите оние глумци, водители, политичари што повикуваат на војна и крв први ќе им го видите грбот ако вакво нешто стане реалност. Знаете, така? Ќе се валкаме ние во крв, а тие од трети држави низ Европа ќе глумат политички избеглици и ќе капитализираат продавајќи свои исповести, мемоари, мудропросеравања и слично. Не се тие за војна. Таа е за вас. Тие се за фотељи и хонорари.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 16.02.17.

 

Почнав да се шминкам на матори години. Ми требаат две до три минути да заличам на нешто, да не бегаат од мене по улица. И уште минутка време да симнам све тоа со маслиново масло, пред спиење.
Пред некој ден, налетав на еден туторијал за шминкање. Пази ова: подлога, основна пудра, контури, коректор, осветлувач (ваљда е тоа хајлајтер), па течна пудра, црвило за образи, една сенка, друга сенка за очи, моливче за веѓи, сенка за веѓи, три моливчиња за исцртување на очните капаци, по некоја вештачка трепка, римел, моливче за усни, кармин, сјај, и фиксатор врз цела фаца! И сигурно пропуштив нешто.
Зар некоја навистина ја прави целава гимнастика?! Секој ден?! И колку останува од денот, во тој случај?

Гордана Попсимонова, Фејсбук, 07.02.17.

 

Тој академикот што лафеше против двојазичноста има веома врло добра биографија:
"....дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на групата светка книжевност со теорија на книжевноста. По дипломирањето, тој останал да живее во Белград и долго време работел како библиотекар-советник во Библиотеката на град Белград, каде што се пензионирал. Во 1970 година постанал член на Здружението на писатели на Србија..."
На кој јазик дипломирал, работел, пишувал и во кое здружение на писатели "постанал" член?
Скриј се бруко, под јорган планина!

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 08.02.17.

 

Од сите Влади до сега во МК, најбољи ми е Влада Урошевиќ.

Владимир Лукаш, Фејсбук, 30.01.17.

 

Не знам дали чипираните ќе успеат да сфатат дека тоа што мислат да го прават веќе е направено:
Десоросоизацијата, имено, е еден од најтемелно и најдлабоко спроведените процеси на чистење, маргинализирање и стигматизирање на добронамерните, паметните и, главно, образовани борци за слобода правда и демократија; десоросоизацијата е другото име на кретенизацијата, а кретенизацијата е другото име на вмровизацијата!
Тоа што има поединци и групи што ги помага Фондацијата Отворено општество со годишен буџет колку што изнесува хонорарот за еден бронзен коњ со воин, тоа само го потврдува фактот дека државата и јавниот простор, општите ресурси, се окупирани од идиоти. Скотови, невидени скотови.

Бранко Тричковски, Фејсбук, 27.01.17.

 

Влада што потрошила 700 милиони евра за споменици, згради и беспотребно менување на фасади побарала помош од 55 пара чизми. И добила. Влада што троши 120.000 евра за осветлување на фасади побарала помош од 40 ламби. И добила. Што не е јасно тука?
Влада што гради Панорамско тркало од 20 милиони евра побарала помош од 35 рефлектори. И ги добила. И ги побарала за „не дај Боже“. И ги побарала од кого? Од земјата на чиј амбасадор приврзаниците на Владата му протестираа со транспарент „Бејли, тргни ги рацете од Македонија“.

Горан Михајловски, Сакам да кажам, 27.01.17.

 

Вевчани е навистина феномен. Таква мас-психотична парада на примитивизам, духовна фрустрација, простаклук, морбидност, перверзија и сексуална дегенерација е културолошка манифестација на менталитет кој заслужува сеопфатна психолошка анализа.

Арсим Зеколи, Фејсбук, 14.01.17.

 

Сакам на луѓето да им се скршат саксиите во кои ги одгледуваат своите проблеми!
Како хризантеми!
Сакам да го исчистиме воздухот од себе.
Сакам да го смениме идентитетот.
Сакам да престанат да ме прашуваат зошто ми е кучето дебело.
Сакам да најдам дуќан во кој продавачките нема да ми кажуваат кои очила убаво ми стојат.
Сакам да не ми се скапи црните чоколадца на "Линд" и црната етикета на "Џејмисон".
Сакам да можам да купам "Меџико" ес 1.
Сакам да се одлепиме од европските тапети.
Сакам да и се залепиме на Европа.
"Многу сакаш, бе, Тричковски!", слушам женски глас.
"Па, колку да сакам, госпожо" ѝ викам јас:
"Ил си Нова, ил не си Нова!"

Бранко Тричковски, Фејсбук, 31.12.17.

 

 

(Кон првиот дел)


Тетоважи на сликите: The Magic Rosa

Слични содржини

Општество / Живот
Општество

ОкоБоли главаВицФото