Преместување на злото

04.01.2018 13:02
Преместување на злото

Кога ги преместувате судиите кои испраќале невини луѓе в затвор и чувале на слобода најстрашни злотвори, убијци, силеџии, пљачкаши, трговци со дрога и организатори на крвави терористички акции, од кривичната проблематика во одделението за прекршоци, вие постапувате како некоја сила која директорот кој успеал банката да ја опљачка со пет милијарди евра, го преместува да работи на шалтер или како тренер кој голманот кој го продал натпреварот и намерно примил пет гола, го преместува на позицијата лев бек или како Франција и Белгија да го преместат Абделслам од Моленбек во Бордо или како секретарот на владата да ги премести идиотите што претходната влада ги регистрира како вработени и ги остави тутун да редат за монопол, од дома во зградата на владата да собираат криви министерски и министеркини влакна од писоарите и тоалетните чинии, демек за да не ги избрка од неработа.

Јас не знам во какви хемиски интеракции се раѓаат ваквите поведенија и акции.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото