Помош за Задруга Артикултура

04.01.2018 13:41
Помош за Задруга Артикултура

Луѓе, помош. :)

Просторот во кој во моментов престојува Артикултура од почетокот досега беше непрофитен проект, слободна зона полна љубов, отворна за сите, простор во кој група на многу различни луѓе фрлаја мноооогу време, идеи и пари за еден културен концепт кој сметавме дека му е потребен на градот Битола, не очекувајќи ништо за возврат.

Сепак, и покрај досега постигнатото, моментално е многу неизвесно дали просторот ќе продолжи да функционира заради финансиски проблеми, особено поради фактот што СИЗ-от ни бара 2 и пол кирии плус за момент кога просторот беше нефункционален, без одвод и без можност да се отвори, па сега се заканва со извршители и шо не.

За да се извајме некако ќе треба неверојатен напор, ама ние верваме дека заеднички можиме да ја пребродиме кризава, па зато сакаме да замолиме, кој сака, да поможи на некој од следниве начини:

* Да стани член/ка (годишна членарина е 60 евра)
* Да донира средства (јавно или анонимно) во Артикултура, или на сметка 210071188300171, НЛБ Тутунска Банка, со назнака „Донација“.
* Да иди и дроп да се прај секој ден за празниците, а и потаму :)

Сепак, доколку не успејме, ова не значи дека ќе се откажиме од идејата, и обеќаваме дека ќе му го најдиме чарето поинаку.
Артикултура е поќе од просторот на ул. Браќа Мингови бр. 7 и нема да умри ако се клај клуч на просторот во пазарот. :)

Со многу љубов, шо и да се деси,
Задруга Артикултура.

Извор: Задруга Артикултура

ОкоБоли главаВицФото