Како Болзано го реши проблемот со фашистичкиот споменик

04.01.2018 15:23
Како Болзано го реши проблемот со фашистичкиот споменик

Понекогаш е тешко да се прифати националната историја. Причините се различни: граѓанска војна, политичко угнетување или едноставно промена на вредностите, а спомениците и другите траги од минатото често нè потсетуваат дека она што ни било блиско во минатите векови не мора да се се совпаѓа со она што го почитуваме денес.

Малиот италијански град Болзано може да биде модел за справување со таквите проблеми. Неколку децении, градскиот оддел за финансии бил сместен во зграда од фашистичката ера, со масивна скулптура - релјеф што го прикажува Бенито Мусолини на коњ и на кој пишува „Credere, Obbedire, Combattere” (Верувам, се покорувам, се борам" ).

И покрај тоа што фашистичкото минато на Италија официјално е осудено, споменикот стоел недопрен сè додека во 2011 година, владата формално не побарала од општината да направи нешто во врска со тоа.
Сочувајќи се со барањата за „уништување" од една страна и за „зачувување" на споменикот, од друга страна, градот одлучил да направи нешто што се покажало како паметна стратегија.

На јавен конкурс се барале идеи за тоа како да се „смири и контекстуализира" политички наелектризираниот релјеф. На конкурсот биле поканети уметници, архитекти, историчари и „секој што е вклучен во сферата на културата", експлицитно било наведено дека намерата е „да се трансформира релјефот во место на сеќавање ... така што повеќе нема да биде директно видливо, но достапно во соодветно објаснувачки контекст ".

 

На конкурсот пристигнале речиси 500 предлози, кои биле оценувани од жири составено од локални личности од граѓанското општество, членови биле професор по историја, музејски куратор, архитект, уметник и новинар. Ова жири препорачало пет предлози, кои биле изгласани од општинскиот совет. Сите предлози и постапки се достапни онлајн и отворени за јавна критика.

Победничкиот предлог е моќен и едноставен. Врз релјефот сега е поставен светлечки LED натпис со цитат од германската филозофка Хана Арент кој гласи: „Никој нема право да покорува" на трите локални јазици: италијански, германски и ладино.

Како што објаснуваат двајцата уметници, Арнолд Холцкнехт и Микеле Бернарди, „минимализмот" на интервенцијата е експлицитно наменет да се спротивстави на „грандиозноста" на стилот на фашистичката ера, додека содржината на цитатот е „директен одговор" на „поканата за слепа послушност" содржана во фашистичкиот слоган.

Но, она што е најважно е дека оригиналниот споменик останува видлив, за да се нагласи дека меморијата, а со тоа и историјата не е празен лист хартија на кој можеме произволно да пишуваме што се случувало, во согласност со вредностите во сегашноста. Напротив, се работи за процес на седиментација, во кој минатото никогаш не е целосно избришано, туку постојано повторно интерпретирано низ леќата на сегашноста.

Затоа, трансформираниот споменик ги повикува луѓето да размислуваат за сложената историја на градот на начин кој не е ниту едноставно славење, ниту пак негирање, туку е контекстуализиран и поради тоа покомплициран и подлабок.

Знак за успехот на ова интервенција врз споменикот е што не генерираше контроверзи, било на национално или на локално ниво. Отворена со намерно скромна церемонија на 5-ти ноември, 2017 година, инсталацијата ги поттикна само предвидливите обвинувања на локалната неофашистичка партија.

Извор: The Guardian

 

Слични содржини

Општество / Европа / Свет / Историја
Европа / Историја
Општество / Европа
Европа / Историја
Европа / Свет / Историја
Европа / Балкан
Јавни простори / Европа / Технологија

ОкоБоли главаВицФото