Исланд со закон забрани разлики во платите помеѓу жените и мажите

05.01.2018 11:20
Исланд со закон забрани разлики во платите помеѓу жените и мажите

Исланд е првата земја во светот која донесе закон според кој фирмите за иста работа мораат да им даваат иста плата на мажите и жените.

Во согласност со новиот закон кој стапи на сила на 1 јануари, фирмите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе мораат да поседуваат сертификат од владата за политика на еднакви плати за жените и мажите, а тие кои нема да ги почитуваат мерките ќе мораат да платат казна.

„Тоа е механизам кој ќе осигура дека жените и мажите се платени еднакво за својата работа“, изјави Дагни Оск Арадотир Пинд од организацијата Исландска асоцијација за женски права. „Веќе со децении имаме закон кој пропишува еднаква плата, но и покрај тоа сѐ уште постои родов јаз во платите.“

Новиот закон го поддржа владата на десниот центар, како и опозицијата, во парламентот во кој има 48 отсто жени.

„Мислам дека луѓето конечно почнуваат да сфаќаат оти станува збор за системски проблем кој мораме да го решиме со помош на нови методи“, додава Арадотир Пинд.

Според извештајот на Светскиот економски форум од 2017 за глобалната нееднаквост во платите меѓу половите, Исланд во споредба со останатите држави на светот е на прво место по еднаквост веќе девет години по ред. Ваквиот потег на Исланд е дел од настојувањето до 2022 да се искорени целосно родовиот јаз во платите во оваа нордиска држава.

Извор: voxfeminae.net