
странец си, секогаш го заборавам тоа
заборавам дека не зборувам со тебе
на мојот мајчин јазик
но како ли се вика јазикот кој нè спојува
преку деформираното
огледало на сетилата?
и твоите очи ми велат дека тоа е патот
што велиме дека истекува во корените,
на морското белило што сега е
почва
со стада и ливада.
а ти – Странец.
заробени крилја ми се клатат
врз телото кое се сеќава
колку беше лесно
на почетокот
кога беше ветувањето
кога беше
зборот
Превод: Лидија Димковска