Најдобрите вицови на Окно во 2017

07.01.2018 00:22
Најдобрите вицови на Окно во 2017

Метро

-Со што одиш на работа?
-Со метро.
-Како бе со метро,кога у Скопје нема метро?
-А работа као има.

Од Нова година

Трпе му вели на пријателот:
-Толку лоши работи прочитав за пушењето и пиењето, што решив во новата година да престанам... да читам!

Вработување

-Ало, Завод за вработување?
-Да, повелете.
-Барам работа.
-А што знаете да работите?
-Ништо.
-Сите места во администрација се зафатени. Обидете се како фудбалски тренер.

Од каде изгрева сонцето

Дете на програмер прашува:
-Тато, зошто сонцето секој ден изгрева само од исток?
-Сине, штом работи, не го пипај!

Снег

Надвор има снег 10-12 сантиметри. Или што би рекле мажите - 21 сантиметар.

Библија

Малиот Трпе зборува за искуството со религијата:
-Ја читав Библијата, а отидов и во црква. Книгата повеќе ми се допаѓа.

Што ме прави среќен

Еден другар го прашува Трпе:
-Трпе, кои се десетте работи што те прават среќен?
-Девет пива и далечински управувач.

Лекција по возење

Инструктор учи тинејџер да вози:
-Кога ќе видиш зелено - тргнувај. Кога ќе видиш дека пребледувам - веднаш кочи!

Сто години

-Госпоѓо, ќе ми кажете ли како успеавте да доживеете сто години?
-Види синко, никогаш во животот не се расправав со никого.
-Ама тоа е невозможно?!
-Во право сте.

Жив ѕид

Зошто мртовци не можат да играат фудбал?
Не знаат да постават жив ѕид!

Во продавница за облека

Муштеријата: Извинете, колку се гаќиве?
Продавачот: 1200 денари.
Муштеријата: Ихаааа, со кур да не ги продавате?!

Вие сте имале добра учителка

Учителката на училиште го кара малиот Трпе:
– Ти си срам за овој клас. Јас на твои години веќе знаев да читам и да пишувам, а ти за ништо не си способен.
Трпе на тоа ѝ одговара:
– Гледате, Вие сте имале добра учителка.

ГМО

Муштерија во продавница:
-Извинете, дали се ова генетски модифицирани јаболка?
Продавачот:
-Не, зошто прашувате?
-Јаболкото:
-Да, зошто прашувате?

Добра и лоша вест

Перо и Миле, колеги од работа, си прават муабет во кафана.
Перо: Пред малку шефот ми кажа две вести, добра и лоша. Која сакаш да ја чуеш прва?
Миле: Лошата.
Перо: Ме отпуштија од работа.
Миле: Аман бре, пичка му мајчина. А добрата, која е добрата?
Перо: И ти си избркан од работа.

За гости

Ако ставиш шкољку од Атлантис на уво, можеш да гу чуеш мајку ти како вика „за гости е, немој да си дираја“.

Мачка во прав

Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, а што е отровот за глувци?
– Тоа е, сине, мачка во прав.

Верувај ми, ќе биде смешно!

Кога Господ го создавал човека, асистентот прашал: Толку?
Господ: Додај му и мал прст на ногата.
Асистентот: За што?
Господ: За мебелот.
Асистентот: Мебелот?!
Господ: Верувај ми, ќе биде смешно!

Моцарт

Ако имало паре од музику немало Моцарт да отвори обложувалницу.

Чесен начин да се збогатиш

Двајца милионери разговараат на терасата на луксузен хотел:
-Има само еден чесен начин да станеш милионер! - вели едниот.
-Кој е тој?
-Бев сигурен дека и ти не го знаеш!

Серии

Турците по 5 века кога си оделе рекле: ќе се вратиме во серии!

Крајот на светот

Крајот на светот дошол во Македонија. Гледа околу себе и вели:
-Изгледа веќе сум бил овде.

Рецепт

Млад човек влегува во аптека:
-Добар ден, ми треба некој антидепресив.
-Имате ли рецепт од лекар?
-А ќе заврши ли работа македонски пасош?

Трпе кај гатачката

Оди Трпе кај гатачката и таа му гледа:
-Гледам ново Порше паркирано пред нова луксузна куќа. Гледам скапо уреден двор, голем базен и јаки женски како уживаат и се забавуваат во него, оградени со висока жива ограда. Те гледам и тебе. Од другата страна на оградата.

Хипохондрик

Влегува хипохондрик кај доктор, а докторот му вели:
-Добар ден, долго не сум ве видел.
-Знам докторе, бев нешто болен...

Јеховини сведоци

Јеховини сведоци тропаат на врата од стан, а човекот им отвора:
-Добар ден, ние сме Јеховини сведоци.
-Добар ден, слободно влезете!
По неколку минути човекот ги прашува:
-И, што рековте дека сакате?
-Немаме поим, никогаш не сме стигнале толку далеку.

Коце на шведски

Коце Трајановски на шведски: Улав Палме.

Брзо

Банда полжави нападнала желка. Дошла полиција да изврши увид и ја прашале желката:
-Како ве нападнаа?
-Не знам, сè се случи толку брзо!

Баба на смртна постела

Баба лежи на смртна постела и околу неа се собралo целото семејство.
– Леле деца, кутрата јас, ќе си умрам! – вика бабата.
Внукот се обидува да ја утеши:
– Не се секирај, бабо, кога ќе отидеш ќе го видиш дедо пак!
Бабата одговара:
– Ќути сине, не ја влошувај работава…

Мандат

Грујо разговарал со гатачката, а оваа му рекла:
-Пушти го мандатот. Ако стварно те сака, еден ден ќе ти се врати.

Хлорофил

Следен иде Хорхе на интервју у Канал 5 и го прашуваат како е да се биде Ѓорге Иванов.
- Се држам, само малку хлорофилот ми е качен.
via Владо Апостолов

Куповна моќ

Што може да купи просечен Македонец на саем за мебел?
-Сендвич со плескавица.

Македонецот и златната рипка

Фатија Македонац златну рипку и почнаја да гу дави за политику. Овај му кажала:
-Испржи ме, жити мајка!

Извршители

Се шетаат двајца вампири, татко и син. Таткото му вели на синот:
– Сине, го гледаш ли она село?
А синот одговара:
– Да, татко, го гледам.
– Епа тогаш, ако го гледаш, гледаш колку куќи има таму?
– Да тате, многу куќи има.
– Кога ќе дојде полноќ, ние ќе се спуштиме долу и ќе му ја исцицаме крвта на секој еден член од семејството на секои 5 куќи.
По ова синот одговара:
– Ама тате, зошто да се мачиме на секои 5 куќи, зошто од првата куќа не им ја исцицаме крвта на сите членови од семејството.
На ова таткото одговара:
– Сине ние не сме извршители, ние сме вампири.

Задгробен живот

Разговараат двајца другари во Македонија:
-Брат, никогаш не сум те прашал, веруваш ли во задгробен живот?
-Верувам само во задграничен живот.

Сочувство

-Како програмер изразува сочувство?
– Прими ја мојата техничка поддршка.

Пензија

Разговараат двајца постари Црногорци:
-Како ти е во пензија?
-Без врска. Исто работам, а платата ми е помала.

Трето

-Зашто влада има кампању за трето дете?
-Затој што први две веќ се иселиле од Македонију.

Архимедов закон

Ед'н неспособан човек запослен преко партију истисне барем десет паметни човека од државу.

 

Слики: Владимир Казаневски

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото