1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Прво, на сите што ми честитаат религиозен празник - јас сум атеист, не верувам во ниту еден бог и не ја прифаќам религијата како мој вредносен концепт. Јас верувам во човекот како мислечко битие и го прифаќам концептот за човековите права како концепт кој ги врамува моите поостапки.
Мој став:
Да се маршира во име на религијата и да се тераат деца тоа да го прават нема врска ни со традицијата, ни со религијата.
Ги сакам традиционалните обреди затоа што се дел од моето културно наследство, затоа што мирисаат на бабите и дедовците, затоа што ме поврзуваат со генерациите пред мене и го прават ова денес дел од она вчера.
Го сакам палењето на огновите кои го повикуваат сонцето да се врати, и лепчињата со парички кои треба да донесат среќа, и песните и игрите со кои се слави животот во најмртвото време од годината.
Ја почитувам религијата како однос кон духовното во себе, како релација со највисок етички симбол кој му бил (и очигледно уште му е потребен) на човекот со цел да го почитува вредносниот кодекс кој овозможува заедничко живеење. Религијата ја разбирам како многу нематеријален аспект на животот, многу приватен, личен однос кој бара мир, тишина, контемплација, себеиспитување и преиспитување на сопствените постапки во контекст на прифатените вредности.
Марширањето по улиците и пеењето хвалоспеви на бога нема врска со ниту една од овие работи. Инволвирањето на децата во ругло на религиски фанатизам е одвратно. Тоа не само што не го почитувам, туку едноставно ми се гади.
Извор: Фејсбук профилот на авторката