Конкурс: Искажи ја својата креативност од искуството со канабисот

09.01.2018 13:48
 Конкурс: Искажи ја својата креативност од искуството со канабисот

Блогот „420 Macedonia“ распиша јавен конкурс на кој граѓаните може да ја изразат, како што велат, „својата автентична поврзаност со билката“. Тоа може да го направат во форма на поезија или проза, есеј, писмо до Владата, колумна, кратко видео, песна, стихотворба, слика, фотографија, стрип, цртеж, скулптура, вез, накит, рачни изработки… Нивната идеја е да се потврдат придобивките на оваа билка и поголема јавна свест.

„Супер идеја за сите што консумираат канабис, да почнат сериозно да си го анализираат духовното патување, за да ја манифестираат својата креативност или за да ја споделат со нас својата канабис приказна, особено тоа како оваа тревка им помогнала или помага во животот. Одлична идеја за сите кои сакаат активно да се вклучат во борбата за ослободување на канабисот, особено за оние на кои навистина им е потребен лекот – еве ви шанса за да ни помогнете глувите и слепите во македонското општество конечно да прогледаат и да прослушаат и да можат да ја чујат и видат вашата потреба за овој најбезбеден лек“, стои во повикот.

Правило е во делото да е наведено/споменато името на „420 Macedonia“.

Вашите уметнички дела ги очекуваме до 19 април 2018 во инбокс на нашата Фејсбук страница или на нашата e-mail адреса 420macedonia@gmail.com со назнака: „За првиот креативен конкурс на 420macedonia“, за да можеме на 20-ти април да ги прогласиме победниците и да ви ги доделиме наградите (прва, втора и трета)“, стои во конкурсот.

Оттаму наведуваат дека пријавените може да учествуваат и анонимно.

„Како што ќе ги добиваме вашите натпреварувачки дела, така ќе ги објавуваме на неделно ниво (секој ден недела) на нашиот блог и на нашата Фејсбук страница, а ваше е да се потрудите истите да бидат што е можно повеќе видени, затоа што оние три дела со најмногу лајкови до 20 април 2018 година – ќе победат!“, велат организаторите.

На 20 април, пак, ќе се одржи изложба од сите испратени дела.

Повеќе информации за конкурсот на следниот линк.

Извор: Радио МОФ