Гардијан: Инсернатор за согорување отпад во Македонија против регулативите на ЕУ

10.01.2018 02:04
Гардијан: Инсернатор за согорување отпад во Македонија против регулативите на ЕУ

Владата на Велика Британија ѝ обезбеди на Македонија инсенератор (печка за согорување на медицинскиот отпад) кој би бил нелегален според законодавството на Велика Британија поради токсични емисии. „Британскиот инсенератор за согорување отпад е обезбеден како хуманитарна помош и се користи во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Ако земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева дека ќе се случи, инсенераторот ќе мора да се затвори, бидејќи претставува закана за локалното население и ги крши стандардите за емисија на ЕУ, пишува во една студија британски Гардијан.

Станува збор за донација од 2001 година, па се поставува прашањето за генезата за актуелните состојби на депонијата Дрисла која доби казна токму поради согорување на медицински отпад со печка која треба да се надополни со заштитни филтри за што е ограничена нејзината работа во текот на денот, но не и целосно забранета, бидејќи ќе се предизвикаат поголеми штети со таложење на медицинскиот отпад. Во продолжение ви пренесуваме детали од истражувањето на Гардијан поврзано со споменатиот инсенератор кој не ги исполнувал еколошките стандарди.

Во текстот се наведува дека инсенераторот е еден од малкуте предвидени за Балканот според упатствата на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниту еден не ги исполнува стандардите на ЕУ.

Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.

Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

„Јас навистина сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика“, рекол тој. „Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.

Понатаму во текстот пишува дека Велевски, менаџер на Дрисла, државната компанија која управува со печката, рекол „дека не им е кажано оти чадот ќе му штети на здравјето на луѓето, од СЗО им рекле дека деловите кои недостигаат не се потребни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти. За Македонија тоа се премногу пари.“

„Кога дознавме, побаравме од СЗО и рекоа дека деловите не беа неопходни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти, тоа е премногу за Македонија“.

Како што пишува подолу Гардијан, за инсенераторот се платени 47.000 фунти - еден со соодветно чистење на отпадни гасови би чинел трипати повеќе.

Филип Рушбрук од СЗО бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.

Тој признал дека печката за горење отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“

Г-дин Рушбрук додава дека Македонците изгледале многу задоволни во времето кога инсенераторот е инсталиран.

Извор: Фактор
Слики: