Шведската министерка за животна средина секојдневно на точак

10.01.2018 03:26
Шведската министерка за животна средина секојдневно на точак

На ниски температури, на снег, на точак и тоа не обичен, туку карго-точак, во Стокхолм.

Ја гледате шведската министерка за животна средина, Каролина Ског која доаѓа од Шведската партија на зелените.

Согледувајќи ги сите бенефити за општеството од поголемото користење на точакот како превоз, Шведска има усвоено Национална стратегија за развој на велосипедскиот сообраќај. Стратегијата предвидува создавање вело-пријателски општини, повисок приоритет на велосипедскиот сообраќај во урбанистичкото планирање, пофункционална вело-инфраструктура, подобро одржување, унифицирано мерење на велосипедскиот сообраќај итн., а како цел има зголемена физичка активност на населението, подобрување на јавното здравје, зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на загадувањето, намалување на метежот, бенефити кои се од општо добро и целосно ќе ги оправдаат инвестициите.

Срамно е паркирањето на тротоари, не возењето точак.

Ако возите точак и/или се борите за подобрување на условите за возење точак, возите на вистинската страна на историјата!

Извор: НаТочак

ОкоБоли главаВицФото