Во четврток ќе излезам на протест

10.01.2018 15:50
Во четврток ќе излезам на протест

Отприлика приказната се движи вака:
Работиш во помало или поголемо гратче. Газдата те плаќа под секое ниво на достоинство. Ти заработуваш и за тебе, и за него, и за неговите/нејзините деца, и за неговите/нејзините внуци, роднини, дури и за неговите/нејзините швалер(к)и.

Побрзо на умрен ќе му се крене, отколку плата да ти се крене кај приватниците во Македонија.
На крај, ниту почит, ниту достоинство, ниту интегритет, ниту здравје. Нашите блиски со нарушено здравје, без пари и без можности се соочени да бидат дел од караванот од кој нема враќање.

Згора на тоа, дрскоста е голема, те бркаат од работа, со нарушено здравје, без некои волуминозни можности за лекување, соочен(а) си со различен вид на „здравствени“ тракатанции како „Мој термин“, немање лекови, централизирани здравствени установи, немање мобилност во државава од внатрешноста кон центарот и назад итн.

Токму затоа, во четврток ќе излезам на протест за работничката која е отпуштена од работа поради боледување. Дека луѓето, работниците, не се потрошна роба, кога ни одговара да ги експлоатираме, кога не ни одговара да ги фрламе како парталче.

 

 Извор: Фејсбук

ОкоБоли главаВицФото