Бестрашен (зен приказна)

11.01.2018 05:44
Бестрашен (зен приказна)

За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, некоја војска во навала лесно ги освојувала градовите еден по еден. Во некое од селцата, сите луѓе побегнале токму пред да пристигне војската - сите освен Зен учителот. Заинтригиран од старчето, генералот отишол до храмот за лично да види што човек бил учителот. А кога не бил пречекан со понизноста и стравопочита на кои бил навикнат, избувнал во бес. „Ти, будалетинке една“, му се развикал посегнувајќи по мечот, „нели си свесен дека стоиш пред човек кој може да те преполови без да трепне со око?!“ Но, заканата не предизвикала ни малку возбуда кај учителот. „А ти, свесен ли си“, му одговорил смирено тој, „дека стоиш пред човек кој може да биде преполовен без да трепне со око?“

Слика: Хакуин Екаку