Прашање кое ги засега сите граѓани на Република Македонија не може да се решава без нив

11.01.2018 13:19
Прашање кое ги засега сите граѓани на Република Македонија не може да се решава без нив

Јас лично сум многу против референдум кој би бил поврзан со името на Република Македонија.
Меѓутоа сум и против исклучување на граѓаните од овие процеси.

Убаво е што министрите за надворешни работи се среќаваат и се договараат. Добро е да се слушне мислењето на амбасадори, професори од областа на меѓународното право, експерти.

Некои работи до одредено ниво мора да се прават без присуство на медиуми.
Меѓутоа, прашање кое ги засега сите граѓани на Република Македонија не може да се решава без нив.

Наметнувањето на готови решенија без соодветно информирање на граѓаните за сите аспекти на промената, без јасно презентирање на она што се добива и она што се губи (затоа што во компромисите секогаш нешто се добива и нешто се губи) и без слушање на загрижите на граѓаните, е вообичаено непродуктивно, а може да биде и опасно.

Граѓаните треба да кажат што мислат, што е она што ги плаши, што можат, а што не се спремни да прифатат.
И, на граѓаните треба да им се објаснат сите аспекти на можните решенија.

Тоа се нарекува демократија.

Извор: Фејсбук

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото