Тапа-џонсон свест

12.01.2018 03:58
Тапа-џонсон свест

Кој, како и колку ја контролира власта? Никој, никако, николку. Благо речено. Премногу, ако не и целосно, таа сериозна работа е оставена на совеста и домашното воспитување на функционерите. Искуството – наше, се разбира – нè учи дека кога нешто е препуштено на с(о)веста, тогаш со голема сигурност може да се претпостави дека од таа работа нема да биде ништо.

Оценката што ја даде премиерот за составот и за работата на Антикорупциската комисија, едно од контролните тела на власта, важи речиси за сите други: „тапа џонсон“! Последен доказ за тоа како функционира совеста како контролен механизам е изјавата на Талат Џафери, претседателот на Собранието, на законодавниот дом, на централната институција во демократскиот систем. „Јас имам стан во Скопје, во кој живееја синовите додека студираа, но јас не спијам таму. Не спијам ни на Водно како претседател на Собранието, бидејќи сакам да бидам во моето родно место, во мојата изборна единица. И од лични причини, поради семејството“, рече Џафери, кој секој ден патувал на релација Форино (Гостивар) – Скопје и за тоа земал патни трошоци.

Неспорно е дека Џафери не ги прекршил правилниците. Но, кога тие овозможуваат толку многу „законски“ злоупотреби во врска со парите што пратениците си ги наплатуваат за патни трошоци и кога тие „трошоци“ одат на сметка на рејтингот и на „другите“ пратеници и на комплетниот углед на Собранието, тогаш неговиот прв човек има обврска – морална, на пример – со личен пример да докаже дека мора и може да се застане на патот на ваквиот прописен грабеж на народните пари. Но, Џафери само рече дека има идеи, но не и предлог или иницијативи за промена на правилниците. Уште помалку на свеста, очигледно.

Извор: Слободен печат
Слика: Странски служби

ОкоБоли главаВицФото