Herve + Jeanne

12.01.2018 11:00

Кога љубиш треба да заминеш
Да заминеш а не да треснеш со вратата од вагонот
Тие разделби тие перони тие разделби
Како и да треснеш
Пак ќе се отвори
Дали сум сигурен во тоа што го велам
Тие отворања тие погледи тие среќавања
Не сум
Не сонував возови со отворени врати
во случај некој да се премисли

Кога љубиш треба да заминеш
Сништата понекогаш се овистинуваат
И небото се овистинува
И морето
тоа небо тоа море тој дожд
Дури и песната на стариот Сендрар
Поубава си од небото и од морето

Кога љубиш треба да заминеш
Тие пошти тие писма тие слики
Ако некогаш го сретнам стариот Сендрар
Во некое купе од Транс-небесната железница
На отворена пруга меѓу два града
Тие градови тие возови тие луѓе што мавтаат
Ќе го прашам дали мислел
Треба да се дојде по тебе

Кога љубиш треба да заминеш
Тие улици тој ветер тие френдови на шанкот
Тој свиреж таа песна тоа вино тоа вино
Таа ноќ тој чекор тоа нуркање тоа тело
Тие метар и деведесет
По кои мачките постојано шепотат
Тие метар и деведесет
Вљубени сантиметри
Еј

Превод: Игор Исаковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото