Збогум Шуки!

12.01.2018 14:46
Збогум Шуки!

Рано си замина, многу рано, вчера кога дознав не сакав ни да верувам и не кажав никому, едноставно не можев извини.

Рано си оде бре Шукајло имао сам још идеје какво да правимо, де да идемо, с ког да се расправљамо, де у рибе на шљивари, сомови и шарани да идемо да ги чекамо. На Нишаву не отидосмо никад заједно. Није фер остави ни само успомене, лепе ствано, лепше не могу да буду али успомене јебага....

Драги Шукајло вечно ќе те памтиме јас особено, ме научи многу за уметноста те научив многу за риболов, ме научи како да се импровизира и да се извлече максимум од идејата, те научив како да се сплотиш со природата.

Нема никад да те заборавиме Шукајло затоа што поминавме многу незаборавни моменти, моменти на професионална соработка но и милиони моменти на незаборавно дружење. А и кој би можел да заборави кога го препадна Ики на Вардар кога мислеше дека Румунци ни влегле у шатор, кој може д заборави дека беше у стање да изгориш ко рак секојпат ко ќе отидевме по риба.

Кој може да ги заборави ноќите покрај Вардар на Криволак и во Демир Капија додека чекавме сомови и бескрајно разговаравме колку уствари животот е заебан али неаме гајле пошто сме рибари.

Па кој може бре твоите легендарни шљапања и паѓања у вода да ги заборави, кој може да заборави дека секогаш најголемите риби ти паѓаа покрај чуварка. Абре Шуки бар уште еднаш да ми паднеше у Вардар, бар уште еднаш да те измрзнев на Маврово, кај замина на брзина ни нова не си честитавме ... јебига.

Сега пецај и уживај у вечните ловишта на небесните реки.

Фала ти и слава ти!

Збогум Шуки!