Зошто да прифаќам закон донесен по скратена и неправилна постапка?

12.01.2018 16:01
Зошто да прифаќам закон донесен по скратена и неправилна постапка?

- Имаме 1 инспектор за животна средина на ниво на град Скопје, ама ќе имаме брдо инспектори кои ќе ловат некористење на албански јазик во факинг Делчево.
- Со 8.500 евра ја казнивме Дрсила и оставивме да нè труе, ама затоа ќе плаќаме по 5000 евра казни за некористење албански.

- Немаме Агенција која ќе ги анализира лековите од паралелен увоз и оставаме да нѐ убиваат со фалц медикаменти, ама затоа ќе имаме Агенција за стандардизирана употреба на албанскиот јазик.

Не сум националист и мене тој дискурс ниту ми е познат, ниту ме интересира. Но, сум граѓанин, кој плаќа даноци на државава и се интересира за квалитетот на својот живот. И само од таа перспектива го коментирам законов.

Зошто да даваме стотици милиони за непотребни инспекции, агенции, толкувања кои ама баш никако нема да ги унапредат јазичните права на Албанците (единствено ќе ги деградираат правата на останатите малцински заедници)?

Зошто да прифаќам закон донесен по скратена (и неправилна постапка), без ама никаква консултација со стручната јавност, кој се изгласа по директива, масовно, од кој нема да има никаков бенефит освен што ќе биде голем и непотребен трошок за народот и дополнително ќе ја успори и комплицира и онака неспособната бирократија... зошто да ми биде во ред сè она поради кое се боревме против ДПМНЕ и сè кое СДСМ ветуваше дека нема да го прави?

Да не заборавиме, ова е само партиски дил и цената која СДСМ ја отплаќа за доаѓање на власт. А, патем ДУИ со евтин национализам си ги пере рацете од криминалот кој го пресконаа во снимките од бомбите, за кој не одговараше и очигледно нема да одговара.

Никакви јазични права, никакви слободи, само валкана политика без чувства која кај рајата ќе подгрева ниски емоции. Па сега волците на власт сити, а овците замајани со национализам и обременети со нови долгови. На здравје.

П.С.

Вмроидите ќе го прифатеа целосно истото, затоа многу многу нека не се маваат во гради. Всушност, ова што сега СДСМ го прави, целата шема со неписмени и противуставни закони, скришум спопикани, игнорирање на стручна јавност, сулуди давачки... сè е тоа вмровски принцип.