Социјален распад

13.01.18 11:54

Во серијата „Социјален распад“ романскиот уметник Андреј Лакатусу ги претставува урнатините на модерните социјални мрежи, создавајќи напуштени места со логоата на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Гугл, Тиндер или Пинтерест.

Футуристичката визија која користи винтиџ естетика го симболизира падот на гигантите на денешниот интернет, кои се осудени некогаш да станат остатоци од минатото, и да бидат заменети од нови трендови, практики и технологии кои денес сѐ уште не можеме да ги замислиме...

Извор: www.behance.net