Патувањето до работно место не е службено патување!

13.01.2018 12:48
Патувањето до работно место не е службено патување!

Дали патувањето со приватен автомобил на работа е службено патување?

Дали пратениците кои користат приватен автомобил, наместо бесплатен јавен превоз, го користат за „службени цели“?

Нема никаква логика оваа законска одредба да се користи за исплата на енормни суми на пратеници кои користат приватен автомобил за да доаѓаат на работа и да си одат дома од работа:

„Надоместоците на определени материјални трошоци и други примања на пратеник во Собранието, функционер и раководен работник се утврдуваат според вистинските трошоци, а можат да изнесуваат...

2) надоместок на трошоците за користење автомобил во лична сопственост за службени цели - до износот што според еден изминат километар не може да биде поголем од 30% од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи“.

Во оваа законска одредба јасно стои „надоместок на трошоците за користење автомобил во лична сопственост за службени цели“, а одењето на работа не е службена цел, туку обврска на секој пратеник!!!

Оваа законска одредба доаѓа по законската одредба за дневница за службено патување во земјата и требало да се толкува во таа насока, само кога пратениците користат приватни автомобили за службени патувања!

Патувањето до работно место не е службено патување!!!

По моево читање на законов, во него нема ништо лошо, затоа што пратениците имаат право на бесплатен јавен превоз за да дојдат до работа, и право да користат приватен автомобил само за „службени цели“ (службени патувања) и надоместок на трошоците само во тој случај!

Тие што им овозможиле на пратениците да кешираат огромни суми и кога не го користеле личниот автомобил за службени цели (службени патувања) го прекршиле законот и го оштетиле буџетот и треба да одговараат заедно со пратениците.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев