Нема да дозволам пак да нè делат!

13.01.2018 17:08

Единаесет години нè делеа на подобни и неподобни, на патриоти и предавници, на антички македонци и словени, на странски служби, соросоиди, сороспии, темни страни, темни сили. Единаесет години уништуваа фамилии и човечки судбини. Единаесет години заробена младост. Единаесет години преживеавме во режим обележани како евреи, но се боревме со лице, со име и презиме.

Се смени. Падна режимот, доаѓа слобода, а некој се дрзнува пак да нè дели.

Имате ли памет бе?

Корења и трева ќе јадам, ама нов режим на поделби кој ќе ме дели на „одбрани страни“ нема да дозволам!!

Александар Дојранлиев, Фејсбук, 12.01.18.