Вевчански карневал 2018

15.01.18 03:07

Спорот со името, МПЦ, загадувањето во Скопје, секогаш актуелниот американски претседател Доналд Трамп, но и маршот на сексуалните работнички и ЛГБТИ лицата се маските кои годинава ја освоија публиката на Вевчанскиот карневал, еден од најпознатите на Балканот за кој се верува дека е стар 1400 години.

Карневалот кој во 1993 година стана дел од Светската федерација на каренвалски градови вклучува дефиле на маски, василичарско оро на околу илјада маски и традиционалното палење на маските кое треба да се случи денеска попладне.

Погледнете ја галеријата на Радио МОФ од годинешниот Вевчански карневал и изборот од најинтересните маски:

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото