Жителите од Врапчиште на протест, бараат затворање на обложувалниците

15.01.2018 02:46
Жителите од Врапчиште на протест, бараат затворање на обложувалниците

Жителите на гостиварско Врапчиште минатиот петок протестираа против спортските обложувалници. И децата и возрасните бараат тие да бидат затворени. Протестот започна веднаш по петочната молитва. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште. Демонстрантите потпишаа петиција и собраа 800 потписи.

На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, кој испрати порака до институциите на централно ниво да ја почитуваат волјата на жителите на Врапчиште.

Демонстрантите порачаа дека доколку не се преземат мерки, ќе ги радикализираат протестите. Организациониот одбор на протестот информираше дека иницијативата на која собраа 800 потписи за затворање на овие локали, е испратена до државниот пазарен инспекторат, УЈП – Гостивар и до Секторот за урбанизација во општина Врапчиште.

 

Извор: tv21.tv

ОкоБоли главаВицФото