1020 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 17:59
Со натчовечки напори, со многу самооткажувања и ризици кои знаеја да бидат и драматични, една симпатична православна заедница од Западниот Балкан, успеа својот светогорски државен манастир да го претвори во куплерај.
Јавната куќа функционира десетици години на радост на сексуалните зависници и профитерските грабежливци, но сега се јави проблем околу тоа дали менијата и надворешните табли на ебарникот да бидат испишани на два јазика. Што пред управата се постави како императив со оглед на зголемениот број муштерии и збогатената понуда.
Членовите на таа православна заедница велат дека се Македонци.
Припадниците на оваа заедницата се познати и по тоа што како бродоломници во европското море, одбиваат да се качат во спасувачките чамци кои се означени двојазично и упорно чекаат еднојазични бротчиња. Да, од разбрануваното море, нон-стоп извикуваат: подобро да се угасиме отколку на албански да се спасиме!
Можат да му мавнат со мокрите шамивчиња и на огромниот крузер, но некој меѓу нив ги убедува дека во толкав брод никој нема да ги забележи кога ќе го играат „Тешкото“, дека е подобро бродот да ги згази под себе отколку да ги обезличи на палубите, покрај базените и шанковите со коктели и убави жени. Добро, и мажи! Хахаа!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња