Проклетата рамнодушност

17.01.2018 09:05
Проклетата рамнодушност

Во нацистичката партија на Германија сите нејзини членови не биле поддржувачи на политиката прашањето на Евреите да се решава во концентрациони логори.
Милер Клаудииус објавил истражување во временско растојание од четири години.
Истражувањето е интересно.
Во 1938 година направил анкета меѓу нацистите, кои припаѓале на различни општествени слоеви, за тоа како тие гледаат на насилството кон Евреите, апсењата и палењата на синагогите.
Повеќе од 63 отсто од нацистите се гнаселе од тој чин.
Речиси 32 отсто од нацистите давале неодредени одговори.
Само 5 отсто од нацистите ја поддржувале таквата политика.
По четири години повторно е направено истражување.
Во есента 1942 на поставените прашања се добиени следните одговори:
Само 26 отсто од нацистите покажале грижа за испраќањето на Евреите во концентрационите логори и масовните убивања.
Повеќе од 69 отсто од нацистите биле РАМНОДУШНИ!
Само 5 отсто од нацистите го оправдувале теророрт.
Злото е секогаш константно.
Проклета рамнодушност!
Таа нѐ убива.
Сите.

Слика: Готфрид Хелвајн

ОкоБоли главаВицФото