Албедо

17.01.2018 12:51

На ноќниот лет над грендланскиот лед,
дифузни светлини.
Пепелава месечина од некоја идеја
која во одблесокот на некоја друга
се вжарува и испарува.

Или светло лице на некоја жена
во темница,
кое не го препознаваш.
Исто така, облаци, омраза,
пустински песок, пожуда ‒
и тие рефлектираат остатоци од светлина
од некој извор што не го гледаш.

Како и непознатиот, кој те среќава
ноќе во хотелот, на прозорецот,
синкав, како креда бел, нејасен,
само некој разлеан рефлекс, матен,
како белило во око на мртовец.

Превод: П. В.

Албедо (лат. albeo, одн. albus = бел) е односот помеѓу количеството на одбиената и разлеана светлина и количината на примена светлина, или рефлектирање на т.н. инцидентна светлина од некоја површина, т.е. процентот на зрачење кој од Земјината атмосфера и површина се рефлектира назад во космосот. (прев.)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото