1008 hPa
48 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 13:59
Трендот кој во Америка го започна Бруно – насамарувајќи ја Пола Абдул да седи на грбовите на живите Мексиканци и да зборува за своето сочувство и желбата да им помогне на луѓето – а се заснова на искористувањето вистински човечки тела за потребите на обликување привремен мебел, доби свое европско, уметничко и провокативно продолжение.
Шпанскиот уметник Давид Беласкез преку црно-белата фотографија ни го претстави своето видување на секојдневната покуќнина која не е создадена од метал, дрво, керамика или некој друг вообичаен материјал, туку од голи машки тела.
Во својата изложба „Human furniture” Беласкез ја испитува можноста за претворање на човекот во нежив и неподвижен елемент, како гола спротивност на бучноста и раздразливоста на неговата природа.