Вертикални паркови и градини во градовите на иднината

18.01.2018 12:30
Вертикални паркови и градини во градовите на иднината

Според едно неодамнешно истражување, две третини од светската популација до 2050 година ќе живеат во градовите, токму затоа е важно да се планира поодржлива иднина. Ова е возбудливо време за архитектите ширум светот повторно да ги осмислат животните простори и конкретно начините на кои градот може да го подобри квалитетот на животот на своите жители.

Многу урбани простори денес се состојат од бетон, челик и стакло со можеби малку зеленило, но, во моментов е актуелен трендот архитектите целосно да ја интегрираат природата во дизајнот на градот, притоа размислувајќи вертикално.

Со вертикалните шуми, паркови и градини се оди подалеку од само едноставното создавање на прекрасен поглед на хоризонтот; овие зелени површини ефикасно ја намалуваат бучавата и загадувањето на воздухот, создаваат природно климатизирање, па дури и произведуваат храна!

Заедничката карактеристика во многу од овие проекти е бетонските џунгли да бидат многу помалку бетонски, а многу повеќе џунгли. Двоецот архитекти од Сингапур, WOHA имаат холистички пристап кога станува збор за одржлив дизајн; тие создаваат згради кои буквално дишат, исполнети со повеќе нивоа зелени површини.

Италијанскиот архитект Стефано Боери прави сличен проект во Лижо, Кина, со вертикален комплекс во кој има шума, што ќе биде изграден до 2020 година. „Forest City“ ќе има повеќе од 40.000 дрвја, грмушки и цвеќиња, а многубројните зелени фасади значајно ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Објектот ќе има и кровни соларни панели за да се намали потрошувачката на енергија.

Во Виетнам, архитектот Во Тронг Нгиа предложи дизајн за градба на градското собрание во Бак Нин. Дизајнот ја вклучува околната природа на секое ниво на зградата, со изградба на вертикален парк.

 

Извор: Smart magazine

 

ОкоБоли главаВицФото