Во дадениот случај

19.01.2018 18:17

Избирај меѓу грешките
што ти се дадени,
но бирај исправно.
Можеби е погрешно
да се постапи исправно
во погрешен миг,
или е исправно
да се постапи погрешно
во исправен миг?
Чекор на страна,
и веќе нема исправка.
Исправната грешка,
еднаш пропуштена,
не се враќа толку лесно.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото