Како да се наполни буџетот за неколку милијарди евра?

22.01.2018 08:20
Како да се наполни буџетот за неколку милијарди евра?

1. Сите пратеници кои од 1990 година наваму незаконски земале средства за патни трошоци за одење на работа (иако имаат право на бесплатен јавен превоз) да го обештетат буџетот и да ги вратат парите со камата (околу 20-25 милиони евра).

2. На сите министри и државни службеници кои злоупотребиле буџетски средства за репрезентација, скапи автомобили, луксузни подароци, или на друг начин го оштетиле буџетот, да им се конфискува личен имот, да се даде на јавно наддавање, и парите да се вратат во буџетот (проценка, околу 50-100 милиони евра).

3. Конфискување на „дворецот“ на ВМРО-ДПМНЕ и сите други простории кои се купени со криминални пари, истите да се дадат на јавно наддавање, и парите да се вратат во буџетот (проценка, околу 50-60 милиони евра).

4. Испитување на потеклото на имотот и конфиксување на сиот нелегално стекнат имот и сите акции на фамилијата Груевски и Мијалкови, и на сите други лица, кои ги купиле благодарение на злоупотреба на информации што ги добиле по пат на незаконско прислушкување и истите да им се понудат на откуп на првичните сопственици, по цена по која ги продале (проценка: 50-100 милиони евра).

5. Испитување на потеклото на имотот на сите судии, министри, пратеници, градоначалници, јавни функционери, полициски и државни службеници, за последниве 10 години, и делот од имот за кој немаат докази дека е стекнат на легален начин да се конфискува, да се даде на јавна лицитација, и парите да се вратат во буџетот (проценка, околу 500-600 милиони евра во првата година).

6. Лицата кои го оштетија буџетот на Република Македонија со незаконска изградба на споменици (за која е надлежно единствено собранието на РМ), соодветно да се казнат со обврска да го обештетат буџетот, вклучително и за трошоците за отстранување на незаконските градби (проценка, околу 100-150 милиони евра).

7. Воведување поефикасни механизми за откривање на нелегален кеш преку граница (30-40 милиони евра).

8. Дополнително оданочување на кладилници и коцкарници (проценка, околу 30-40 милиони евра).

9. Легализирање на сексуалната работа и оданочување (проценка, околу 50-60 милиони евра).

10. Легализирање на марихуаната за сопствена употреба и оданочување на одгледувањето (проценка, околу 10-20 милиони евра).

11. Конфискување на имотот на лица кои го стекнале занимавајќи се со организиран криминал, трговија со луѓе, производство и промет на опојни дроги, и други форми на организиран криминал, имотот да се даде на јавна лицитација, и парите да се вратат во буџетот (проценка, околу 200-300 милиони евра).

12. Дополнително оданочување на загадувачи на воздух, почва и води (30-40 милиони евра).

13. Овозможување на правото на приватно основно образование во РМ, со што ќе се растоварат државните основни училишта, ќе се намали бројот на ученици во паралелките, ќе се зголеми квалитетот на наставата, а ќе се зголеми и буџетот со десетици милиони евра од даноци од приватните основни училишта.

14. Генерална проверка на дипломите на сите вработени во државната администрација и отпуштање на лицата со лажни дипломи (10-15 милиони евра заштеда).

15. Генерална проверка на сите вработувања во јавна администрација во последните 10 години, казнувања на сите лица кои потпишувале вработување на незаконски начин и на несоодветни кадри, со што го оштетиле буџетот на РМ, и нивно отпуштање од работа, заедно со вработените лица кои немаат соодветно образование за работното место на кое биле примени. (100-150 милиони евра долгорочна заштеда).

16. Оние кои се во групата на 5% граѓани со највисока годишна даночна основица да им се воведе даночна стапка од 18%, за износот на дополнителниот доход (извадок од „Планот за живот“ на СДСМ).

17. Зголемување на данокот на имот на најбогатите (дел од „Планот за живот“ на СДСМ).

18. Прогресивно зголемување на данокот за втор, трет или четврт итн. - стан или куќа (дел од „Планот за живот“ на СДСМ).

19. Зголемување на стапката на акцизата на патнички автомобили во вредност повисока од 40 илјади евра на 25% (дел од „Планот за живот“ на СДСМ).

20. Укинување на максималната горна граница за плаќање придонеси на плата (дел од „Планот за живот“ на СДСМ - максималната горна граница за плаќање на придонеси на плата не е укината, туку е поместена од 12 на 16 просечни бруто-плати).

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Isaac Cordal

ОкоБоли главаВицФото