За искршената спомен плоча на родната куќа на Ацо Шопов

22.01.2018 09:09
За искршената спомен плоча на родната куќа на Ацо Шопов

Ти можеш до утре да се курчиш дека си антички, дека името и презимето ти се значајни и важни, дека имаш најголема историја и име коешто низ историјата никогаш не се менувало и идентитет којшто според трпноста бил најрезистентниот на секакви влијанија историски, преполн тавтологии.

Ама ова покажува дека:

-Овој народ не разбира што значи идентитет.

-Овој народ нема изградено ниту политички, ниту културни институции, ниту неформални знаења и идентитетски упоришта за заштита на ликот и делото во секојдневната култура.

-Историјата на еден народ започнува со конституцијата на државноста на тој народ, а не со прдешки ала Ацо Станковски, со тоа нашите современици не си ја знаат својата државна, па и пред-државна историја, ама затоа пак сите до еден се горди „фалангисти“.

-Така, државата ги заштитува(ше) ликовите коишто имале многу спорна идентитетска основа преполни со пробугарски и уличарски културни обрасци (убивале, силувале, менувале идентитет како што ќе им прдне те со Бугари, те со Срби, те со Руси итн.), а најголемите Македонци кои се и основоположници на овој современ македонски јазик, за кој сите пропелтечија последнава недела поради стравот дека ќе биде минимизиран и анулиран од државата и општеството, се маргинализирани, исмејувани („џуџето од небрегово“), заборавени со еден збор.

-Ацо Шопов е еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија во повоениот период; личност којашто има учествувано во народно-ослободителната борба, но и ги има напишано (за мене) најзначајните стихови кои се напишани од автор Македонец.

Извор: Фејсбук профилот на авторот