Шестиот ден

22.01.2018 14:29

Знам, петтата ноќ секогаш се раѓаат сомнежи
и лоши сништа зашто сè е сторено, сè
е придвижено, а Ти сфаќаш дека некогаш
твоите ѕвезди ќе останат без светлина,
дека Твоето сонце ќе се олади и дека билките ќе овенат,
а животните ќе изгинат зашто ниту едно битие
создадено од збор не е создадено
за темна сенка, за студ и бесконечна самотија,
за страдање и безизлез. И кога сфати
дека еднаш среде сето тоа пак ќе останеш сам,
шестиот ден трескаво ја грабна глината.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото