Квазиакадемските „аргументи“ на Андоновски

23.01.2018 01:20
Квазиакадемските „аргументи“ на Андоновски

Право да ви кажам, прво се згазив од смеа, а потоа ми се плачеше кога го прочитав „аргументот“ на Венко Андоновски против „прекрстувањето“:

„...со кој образ ќе излеземе пред студентите по (ново)македонистика да им ја предаваме ‘Македонска крвава свадба’ на Чернодрински (почетокот на македонскиот театар), и да им укажеме дека Цвета ХЕРОЈСКИ одбила да се потурчи и да си го смени името? Значи, ќе го бришеме и Војдана.“

Ау, каков автогол од „аргументација“, и тоа од професор на УКИМ. Додуша, што друго и да се очекува од луѓе кои немаат абер од критичко мислење, формална логика, научна методологија и елементарна пристојност.

Го читал ли Венко предговорот на третото издание од „Македонската крвава свадба“ на Војдана Чернодрински, каде што пишува за „патилата на македонските бугари“ и за честа на многу Цвети, која е „во рацете на новите српски и грчки Осман-беговци - крволоци“?

Со кој образ Венко се повикува на Војдана и Цвета на Чернодрински, кога Војдан си ги опишал Крста и Петкана како „потурчени Бугарки“?

Ваквата „академска“ одбрана од „прекрстување“ ќе влезе во аналите на македонската квазиинтелектуална глупост.

Извор: Фејсбук профилот на авторот