Несоницата не е знак за старост, туку на неможност за промени

23.01.2018 02:53
Несоницата не е знак за старост, туку на неможност за промени

Сонот не е одмор, туку космичка метаморфоза; претворање во темна ноќ. Тоа е тајната на сонот: да спиеш значи да се претвориш во темница. Живото битие згаснува, како светлина, во својот култ го имитира сонцето: ќе се скрие, покрие, ќе зајде.

Да спијат можат само добрите луѓе, вели Шартие: несоницата е знак на злоба; што е добрината? - усогласеност со големиот ред, склоност и уживање во метаморфозата.

Несоницата не е знак за старост, туку на неможност за промени.

Сонот е најголемата генијалност, вели Кјеркегор.

Но кој сонува, тој се враќа, тој има недовршени работи, не е чист: сонот е секогаш испаѓање од големиот ред.

Слаткиот Спијач смирено дише во постелата, спие без сништа, како птица со клунот под крило, толку беспомошно е омамен, толку поништен со мистеријата која го проникнува сонот, во неговите расфрлани удови сè е толку тешко лесно, толку празно исполнето; волшебникот се маѓепсал себеси, и себе си станал невидлив. Не ја чека ослободувачката светлина: во сонот нема никакво исчекување, не постои недостаток, оти како секој голем животен факт, потполно е изедначен со самиот себе, без остаток. Спие исто онака како што предмалку јадеше, чекореше, сакаше, исто онолку длабоко и лично: исто онака лесно, со уживање, пречекорувајќи се самиот себе, нурнат во големото ништо, што Светот и е.

Слика: GRACE HEEJUNG KIM