Архитектурата на Југославија во МоМА во Њујорк

23.01.2018 03:15
Насловна / Архитектура / Архитектурата на Југославија во МоМА во Њујорк Автор: Сања Раѓеновиќ Јовановиќ   Категорија: Архитектура, Вести, Порта3 22/01/2018	0 4825 Прегледи  Архитектурата на Југославија во МоМА во Њујорк

Плоштад на револуцијата (денес Плоштад на Републиката) во Љубљана, Словенија, 1960-74, дело на архитектот Едвард Равникар

 

Највлијателниот музеј на модерна уметноост MoMA во Њујорк за втората половина на 2018 година најави репрезентативна изложба „Кон утопијата во бетонот: Архитектурата во Југославија, 1948-1980“. Изложбата опфаќа повеќе од 400 цртежи, фотографии, видео записи од градски архиви, приватни и музејски колекции од целиот регион. Изложбата го претставува творештвото на најзначајните југословенски архитекти, меѓу кои се Богдан Богдановиќ (1922-2010), Светлана Кана Радевиќ (1937–2000), Едвард Равникар (1907-1993), Вјенцеслав Рихтер (1917-2002), Јурај Неидхард (1901-1979) и Милица Штериќ (1914-1998). Ова ќе биде прво претставување на исклучителните дела на архитектите на Југославија на американската и меѓународната јавност. Изложбата ќе го истакне значајниот, но сѐ уште недоволно истражениот опус на модерната архитектура.

Миодраг Живковиќ, Споменик – Битка на Сутјеска, 1965-71, Тјентише, БиХ

„Позиционирана помеѓу капиталистичкиот Запад и социјалистичкиот Исток, Југославија ја избегна поделбата за време на студената војна со избор на ‘трет пат’. Како една од водечките земји на Движењето на неврзаните, основано 1961 година, и формално не припаѓаше на ниту еден блок. Истовремено југословенската влада отпочна забрзана модернизација и изградба, со главна цел за стопански развиток, унапредување на животот на грѓаните и африрмација на различноста на културите во регионот. Државата ги прошири тие напори и надвор од границите на земјата, унапредувајќи го урбанизмот и изградбата во земјите во развој, особено во земјите на неврзаните во Африка и на Блискиот исток“, се наведува во најавата за изожбата.

Богдан Богдановиќ, Партизанска некропола,1962. Прилеп

Исто така во најавата стои дека „Југословенската архитектура, која опфаќа и облакодери градени во стилот на меѓународната пракса и бруталистички ‘општествени кондензатори’, манифестирала радикална различност, хибридност и идеализам кои ја карактеризирале и самата југословенска држава“.

Јанко Константинов, Телекомуникацискиот центар во Скопје, 1972-81

Од скулптуралниот ентериер на Белата џамија во рурална Босна, преку реконструкцијата на Скопје по земјотресот (1963), осмислена од јапонскиот архитект Кензо Танге, до Нов Белград со големи, експресивни станбени блокови и јавни објекти, изложбата го истражува единствениот распон на формите на продукцијата на југословенската архитектура.

Михајло Чанак, Леонид Ленарчиќ, Милосав Митиќ и Иван Петровиќ, Зграда Б9, Блок 21, 1959-65. Нов Белград

Изложбата во музејот МоМА ја организира главниот кустос за архитектура и дизајн Мартино Стилери, кустос гостин е Владимир Кулиќ, а соработник е Ана Катс, исто така од одделот за архитектура и дизајн во МоМА. Изложбата ќе биде отворена од 15 јули 2018 до 13 јануари 2019 година.

Стојан Максимовиќ, Сава центар, 1979, Белград, Србија

Светлана Кана Радевиќ, хотел „Подгорица“, Подгорица

Вјенцеслав Рихтер, југословенски павилјон на EXPO 1958 во Брисел

 

Извор: Порта 3

ОкоБоли главаВицФото