Ѓубреџиите во Анкара направиле библиотека од фрлените книги

26.01.2018 11:27
Ѓубреџиите во Анкара направиле библиотека од фрлените книги

Службата за чистење на градот во Анкара има своја библиотека, работниците на комуналното претпријатие сите книги ги собрале низ градот. „Требаше да завршат на отпад, а ние им подаривме нов живот“, вели Емирали Утрекин, управник на библиотеката.

Идејата се родила додека со колегите размислувал што би можеле да прават покрај редовната работа. Така основале и музичка група, чии членови свират на кантите за ѓубре фрлени во старо железо.

„Читањето е добро за мозокот и ве наведува на нови идеи“, вели 20-годишниот Ерај Јилмаз, кој им ги издава книгите на читателите. Денес, библиотеката има 4700 книги, а уште 1500 го чекаат своето место на полиците.

Овој проект го започнале пред седум месеци, а книгите се поделени по сектори: од љубовни романи, преку книги за деца, па до прирачници за бизнис. На почетокот библиотеката ја користеле само работниците од округот Џанкај, околу 700 на број, но сега е отворена за сите и работи 24 часа.

Во неодамна реновираната фабричка зграда се наоѓаат библиотеката, кафетеријата и берберницата, па стана омилено место за одмор на работниците од комуналното претпријатие. За време на паузата, овде може да читаат, да се напијат чај, или да играат шах. Сите книги се изнајмуваат бесплатно, најдолго на две недели.

„Многумина доаѓаат во библиотеката и ни даваат донации“, вели управникот Уртекин.

Некои дури им испраќаат книги и од други градови.
Се планира и мобилна библиотека со која секои 15 дена ќе се посетуваат училиштата. Им се јавиле голем број деца чиишто училишта немаат библиотеки или имаат мал избор книги.

„Работниците се многу задоволни. Проектот им даде нов идентитет“, вели Уртекин.

 

Извор: blic

 

 

 

Слични содржини

Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Свет
Активизам / Свет / Екологија / Теорија
Општество / Активизам / Свет / Психологија

ОкоБоли главаВицФото