Семеен бизнис за произведување секс-играчки

27.01.2018 02:45
Семеен бизнис за произведување секс-играчки

Далечната 1976 година, кога таткото на Чед Бревјермен, Рон, вложил малку пари во производствена фирма, клиентите ги купувале неговите производи зад неугледните книжари и криејќи се, бегале со она што го купиле замотано во кафени книжни кеси.

Младиот Брејвермен, кој тогаш уште не бил ни роден, израснал не знаејќи како впрочем заработувал неговиот татко. Веќе бил навлезен во адолесцентските години кога сфатил дека компанијата на неговиот татко, како што долго се сомневал, не се занимава со никакви криминални активности.

„Тоа беше голема мистерија за која никој не зборуваше никогаш, што прави татко ми“, вели Чед, кој сега има 35 години. „Долго мислев дека е само член на мафијата“.

Роналд А. Брејвермен произведувал гумени пениси. Исто така, произведувал вагини од латекс, рачно изработени помагала за анално задоволство и уште многу други новитети поврзани со мастурбацијата.

На почетокот овие производи еуфемистички биле наречени брачни помагала, потоа секс-играчки и, најпосле, „производи за задоволство“.

Тоа и натаму бил сомнителен, осамен бизнис кога Брејвермен ја основал компанијата „Док Џонсон“ – под тоа име работи и денес – но, компанијата набрзо станала најголем произведувач на овие производи во светот, вредна 15 милијарди долари според некои проценки.

А, Брејверменови – Роналд, Чед и неговата сестра Ерика (29) – станале, дефакто, првото семејство за секс-играчки.

„Секако дека луѓето правеа шеги на наша сметка“, вели Чед. „Дали татко ти навистина прави гумени пениси? Но, до моментот кога се запишав на факултет, наеднаш сè се промени и станав најпријатна личност меѓу нив“.

Речиси 75 проценти од производите на компанијата „Док Џонсон“ се изработуваат во еден од седумте објекти расфрлени на два и пол хектари земја, а амблемот „Мејд ин Америка“ стана централен елемент на маркетиншката стратегија на компанијата. Илјада работници вајаат, моделираат, бојат, пакуваат и испраќаат 75 000 производи неделно.

Тука работниците во бели мантили и со хируршки капи на главите секој ден трошат тони сиров материјал, додека прават дилда.

Во лоби просторот висат месингани плочи како спомен за генерациите Латиноамериканци кои со години ги издржувале семејствата работејќи во производството на секс-играчките.

„Работата сега ја гледаме како создавање нови искуства, забава“, вели Чед Брејвермен, додавајќи дека новата „Кинк“ линија на Док Џонсон производите – околувратникот за кучиња и другите сортирани помагала – „навистина растураат“.

Доколку во историјата „немало многу лојалност и свест за брендот во индустријата за секс-играчки“, како што вели Брејвермен, денес тоа се менува со прилагодувањето на производителите кон растечката база на потрошувачите.

Производите на компанијата „Док Џонсон“ се продаваат во 7 500 продавници и, сè повеќе, на сајтовите на трговците ориентирани кон масовниот пазар.

„Помладите генерации немаат инхибиција каква што имавме ние“, вели Сузан Коловин, некогашна универзитетска работничка која станала произведувач на секс-играчки.

Нејзината компанија „Кал Егзотикс“ во Калифорнија е основана во седумдесеттите години на минатиот век и е заслужна за низа иновации, како вибраторот во светли бои. Инаку, ова е концепт кој прв го претставил женскиот тим на Сузан за развој на производи.

„Порано беше: 'Господе, јас сум машко, што ќе ти е сето тоа?'“, вели Сузан. „Сега жената е главен конзумент и за нејзиниот партнер веќе не е толку застрашувачки кога во односот ќе се воведе и по некоја играчка“.

Лин Комела, професорка по родови студии на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, вели дека „секторот за новости за возрасни доживува вистински бум“.

Таа ја набљудувала забележливата промена во развиеноста и природата на бизнисот после финансиската криза од 2008 година. Пиратеријата и бесплатниот пристап до порно-филмовите на интернет ја уништија индустријата за која долго се сметаше дека повеќе или помалку е отпорна на рецесијата. Сепак, во 2009 година, Лин сфатила дека почнала да посетува трибини и панели кои потсетувале на зачетоците на првиот бран на феминизмот. „Нивните називи беа 'Што сакаат жените?'“, вели таа.

Изгледаше, додава таа, како сите – од директорите во продавниците за секс-играчки“ – да беа повеќе од согласни да полемизираат за тоа како на вистински начин да се обнови индустријата која, како што објасни Рон Брејверман, „од 100 проценти машка доминација – машки производители, мажи сопственици на книжари, мажи кои одат да изберат производ и да го донесат дома – стана сосема ориентирана кон жените и произведува за нив“.

Милениумската генерација е таа која го има главниот збор во мејнстримот.

„Понекогаш дури ни луѓето кои се во индустријата со години не согледуваат колку секс-играчките се прифатени денес“, вели Ерика Брејвермен, маркетинг директорка во компанијата „Док Џонсон“.

„Имам 19 години и сосема е неверојатно колку далеку стигна феминизмот, дотолку што сега е кул жената да ја преземе контролата над сопственото задоволство и забавата“.

Разликата помеѓу Чед и Ерика е само шест години, а сепак, еден од нив пораснал сосема несвесен на што се засновал семејниот бизнис, додека другиот отишол на факултет знаејќи дека за потполно разоткривање е потребно само едно пребарување на Гугл.

„Кога отидов на факултет и на луѓето им кажав дека сум вклучена во семеен бизнис, никој не трепна во негативен контекст“, вели Ерика. „Имаше повеќе реакции како: 'О, боже, што ќе правиме за Божиќ? Наскоро ми е роденден, што ќе добијам?“

Извор: New York Times

ОкоБоли главаВицФото