Васко Атанасоски - ПАЗИ КУЧЕ, концерт и промоција на албум/винил

27.01.2018 14:24
Васко Атанасоски - ПАЗИ КУЧЕ, концерт и промоција на албум/винил

На 23 и 24 март во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот ќе се одржат два промотивни концерта на Васко Атанасоски, кој ќе го претстави својот нов албум ПАЗИ КУЧЕ.

ПАЗИ КУЧЕ, првиот соло албум на еден од водечките Македонски андерграунд изведувачи, Васко Атанасоски, излезе во октомври, 2017 во издание на Geenger Records од Хрватска (заедно со Balkan Veliki Балкан Велики, издавачката куќа на Атанасоски). На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист... Иако Атанасоски презема голем дел од обврските за албумот, има и неколку клучни соработници кои го прават ПАЗИ КУЧЕ тоа што е.
Дени Крстев (програмирање на ритамот, клавијатури), а воедно и сите песни на албумот се снимени и мастерирани од Крстев во неговото Studio 1060 . Секако и очекувано: Кристина Горовска од Bernays Propaganda, и mike watt (Minutemen, Iggy Pop And The Stooges) кој исто така е автор на фотографијата за задната страна на албумот. Иван Антуновиќ го направи дизајнот.

Билети - 200 денари во претпродажба (засега само на билетарницата на Кинотека на Македонија), а 300 денари на врата.

ОкоБоли главаВицФото