Дац и Нимиц

31.01.2018 22:10

Дно на новинарскиот (не)вкус. Десетминутна гњаважа за сообраќајката на артистот Дац. Да влезеше со тенк во прекуграничен простор, да предизвикаше меѓудржавен инцидент, здрав уредник не ќе му дадеше ни од далеку вака значаен простор на ВД-директорот на МНТ. Да го играше Хамлет на лондонска театарска сцена, или во московски Бољшој театар, на ТВ екраните не ќе добиеше ваква минутажа. Ординарна бламажа. Снимки од сообраќајката, читање на оставката, изјави во живо, соопштение на владиниот портпарол, анализа на моралната компонента на оставката од директорската функција... Итака, во наши услови, глупоста нема рамки - Метју Нимиц, кој денес ни го донесе пакетот со можните имиња за прекрстување на државава, отиде во маргинала. Третман во рубриката „разно“.

И Дац, и вие, како и јас, би рекле - грозно!

Бошко Нацевски, Фејсбук, 31.01.18