Потребни се коренити мерки на дестимулација на автомобилскиот сообраќај

02.02.2018 11:58
Потребни се коренити мерки на дестимулација на автомобилскиот сообраќај

Модален удел е процент на патници кои користат одреден вид превоз или број на патувања користејќи го тој тип сообраќај. Мерење на модалниот удел на велосипедскиот сообраќај во Скопје не постои! За остварување на проект од типот Скопје Велоград, кој е во тек, неопходен е податок за модалниот удел на велосипедскиот сообраќај во вкупниот, за да може да се измери процентот пред и по проектот, истовремено да се постават цели кои треба да се постигнат.

При зададен вкупен број на учесници во сообраќајот стимулирањето на одреден вид транспорт мора да е паралелно проследено со дестимулирање на друг вид транспорт. Проектот Скопје Велоград има намера да го зголеми бројот на велосипедисти, што подразбира соодветно да се намали модалниот удел на друг вид транспорт, во случајов автомобилскиот.

Оттука, од Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Влада на Република Македонија се очекуваат конкретни, храбри, темелни мерки за дестимулирање на автомобилскиот сообраќај за Градот да почувствува бенефити од инвестициите од проектот Скопје Велоград. Поголемиот број велосипедисти не можеме да ги увеземе однадвор, целта е да придобиеме дел од корисниците на автомобили да се преориентираат во корисници на велосипедски сообраќај.

Затоа бараме јасни, конкретни, коренити мерки на дестимулација на автомобилскиот сообраќај, меѓу кои и одземање на коловозни ленти и нивно пренаменување во велосипедски ленти.

Извор: НаТочак

ОкоБоли главаВицФото